„Тајната“ — филм од 2006 година — online access authorized by creative commons license. на Prime Time Productions што се состои од серија на интервјуа, направени со цел да се покаже дека сè што некој сака или од што има потреба може да се добие со верување во резултатот, постојано размислување за резултатот, и одржување на позитивни емоционални состојби за да „се привлече" тој резултат. Филмот кој бил дистрибуиран преку ДВД и онлајн (преку стриминг медиуми) и последователното издавање на книгата, Тајната (книга), привлекле интерес од медиумските личности, како што се Опра Винфри, Елен Деџенерис, и Лери Кинг, но привлекле и критики од конвенционалните медиуми.

Краток преглед Тајната, опишана како филм за самопомош, користи документарен формат за претставување на Законот за привлечност. Како што е објаснето во филмот, принципот на Законот за привлечност претпоставува дека чувствата и мислите можат да привлечат настани, чувства , како и искуства, од работењето на космосот до интеракции помеѓу поединци во нивните физички, емоционални и професионални работи. Филмот исто така сугерира дека постои силна тенденција од оние кои имаат моќни позиции да го сокријат овој централен принцип од јавноста.

Учители на Законот за привлечност Филмот вклучува интервјуа со поединци кои самите се опишуваат како и професионалци и автори од областа на квантната физика, психологија, метафизика, обука, теологија, финансии, филозофија, фенг шуи, медицина, и личен развој, кои се нарекувани „тајни наставници ". Некои од овие поединци, на нивните мрежни места го промовираат филмот и нивната поврзаност со него. Неколку од лицата кои само на кратко се појавуваат не зборуваат конкретно за "законот за привлечност" во своите интервјуа, па нивната поддршка за концептите гледачот може само да ја претпостави.

Поединците интервјуирани во филмот кои се фокусираат на "Законот на привлечност", и кои подоцна се споменати во истакнати американски ТВ емисии, се: Џон Азараф, Отец Михаил Беквит, Џон Демартини, Боб Проктор, Џек Канфилд, Џејмс Артур Реј, Џо Витале, Лиза Николс, Мери Дајмонд, и Џон Греј. Други лица вклучени во филмот, кои зборуваат за нивната силна верба во законот за привлечност се: Естер Хикс и Џери Хикс (original edition only), Мајк Дули, Боб Дојл, Дејвид Шример, и Марси Шимоф. Други интервјуирани во филмот кои изјаснуваат многу слични погледи, без всушност да го користат изразот "законот за привлечност": Ли Бровер (член на Управниот одбор на „WorldVuer“), Хејл Двоскин, Кети Гудман, Морис И. Гудман, Џон Хејгелин, Бил Харис, Бен Џонсон, Лорал Лонгамиер, Денис Вејлти, Нил Доналд Волш, и Фред Ален Волф.

Историски основи во идеите на „Новата мисла“ Авторите на Тајната го цитираат движењето на „Нова мисла“ кое започна во доцниот 18 век, како историска основа за нивните идеи. Во суштина, Тајната ги ... промовира принципите на „Новата мисла“ и христијанство на Единство. Учителите на Тајната се редовни во движењето за Нова мисла / Единство со години , кое сега е „попорсперитетно“ од било кога.

Книгата Науката за збогатување од Валас Ватлс, Ронда Бирн ја наведува како инспирација за филмот, на која и претходеа бројни други „Нова мисла“ книги, вклучувајќи ја и книгата „Вибрации на мислата или законот за привлечност во светот на мислата“ од Вилијам Вокер Еткинсон, (Out of copyright, published on the Internet) уредник на „Новата мисла“ списание. Меѓу другите „ Нова мисла“ книги за кои се тврди дека Бирн ги прочитала се од автори за самопомош како Дали Прентис Мулфорд „Мислите се нешта“ од 19 век и „Тајната на векот“ на Роберт Колиер од 1926 година.Првите сцени на филмот ја прикажуваат наводната историја на Тајната - покажувајќи: Во една сцена насловена "Тајната беше закопана:" Текстот на смарагдната плоча беше прекопиран на еден свиток и предаден на некој свештеник. Смарагдната плоча била закопана во близина на пирамидите на Гиза. — page at official website of The Secret film.Проследено со сцена насловена " Тајната беше посакувана:" Накитената насловна страница на книгата „Моќта на животот и како да се користи“ на Елизабет Тауни Use this link for an online version of the book. Темплар витез како го дава свитокот на католички свештеник. Алхемичарот Сент Жермен како го анализира свитокот со текстот од смарагдната плоча. Цртеж на Азотот на филозофите во продавница за алхемичари. Потоа следи сцена насловена "Тајната беше потисната:" Серија на кратки сцени од состанок на бизнис елитата во современа соба на одбори.

Прикажување на идеите кои му претходат на движењето на „Новата мисла“ На мрежната страница на Тајната има цитати од смарагдната плоча, за чиј текст се вели дека е напишан од страна на Хермес Трисмегист (наводно „таен учител“), кој претставува „...еден од најважните историски документи познати на човештвото“. Бирн смета дека најраните траги од „тајната“ се наоѓаат токму на смарагдната плоча, по што многу подоцна следи појавата на Розенкројцерите —„тајна ложа која поддржува голем дел од идеите за Тајната.“ Се споменува дека е можно Виктор Иго и Лудвиг ван Бетовен да биле членови на тој ред, како и дека Исак Њутон наводно работел на превод на плочата. Меѓутоа, не постојат цврсти докази за тоа.

Каролин Сакарион од Aspen Times, коментирајќи ја намерата на Бирн да ја сподели Тајната со светот, ги идентификува Розенкројцерите како чувари на Тајната: „Мајсторството на животот" [ розенкројцерско учење слично на Тајната ] не е тешко да се сфати, но тајната на розенкројцерската традиција е штитена и чувана со илјадници години, и е покажана само на оние кои покажале вистинска желба да дознаат. Ниту зборовите "смарагдна плоча" ниту "розенкројцерски" не се спомнати во филмот, но и покрај тоа, на клучните точки на менување на сликата на екранот брзо се зумира зборот "Розенкројцерски".

Во текот на овие менувања се гледа една страница која го содржи цитатот: „Розенкројцерите беа ‘тајна‘ ложа“.

Продукција Филмот беше создаден од Prime Time Productions од Мелбурн , Австралија со Ронда Бирн како извршен продуцент, Харингтон како продуцент и Дру Хериот како директор. „Gozer Media“ од Колинвуд, предградие на Мелбурн, е дизајнерската куќа одговорна за визуелниот стил и чувство на филмот и книгата. — navigate web: motion > The Secret Унгарската компанија на Бирн „ТС Продукција ДОО“ е одговорна за маркетингот и дистрибуцијата на филмот и книгата. Бирн го искоментира истражувањето направено пред да почне да работи на филмот: Седнав и направив огромен список на сè што имам прочитано...и кога го завршив списокот им го предадов (на тимот за продукција на филмот). Тие рекоа дека тоа е невозможно, дека не би можела да прочитам толку многу книги за година, две, а јас ги прочитав во две и пол недели- и добро, тоа е Тајната.Two part interview of Rhonda Byrne made before the release of the film: and

Инспирација на Бирн за создавање на Тајната беше читањето на книгата „Науката за збогатување“ на Валас Ватлс. Филмот беше направен како проект за „Channel Nine“ на австралиската ТВ мрежа. Снимањето на интервјуата беше направено во јули и август 2005 година со "ефикасно завршено до Божиќ" уредување.<ref name=bleeping_herald> — this is an interview by one of the producers for the film, What the Bleep Do We Know!?</ref> Околу 55 учители и автори беа интервјуирани на локации како Чикаго, Аспен, Алјаска, и на крстарење по мексиканската ривиера (интервјуирањето на Естер Хикс). Филмот користи 24 од овие учители во "проширеното издание" на филмот. Во првото издание се појавува и 25 учител, Естер Хикс, позната "како најистакнатиот толкувач на законот за привлечност". По првото издавање на ДВД-то, Естер Хикс одби да продолжи со проектот, споменувајќи договорни прашања во отвореното писмо објавено на интернет. Од нејзиниот десетпроцентен дел од продажбата заработи 500 000 долари. Како резултат на ова, сцените со Естер Хикс, наместо од неа, се раскажани од Лиза Николс и Марси Шимов. Ниту еден друг "таен наставник " не доби надомест за нивната појава во филмот - откри Боб Проктор во интервју за „Nightline“.

Бетси Шејс, еден од продуцентите, режисерите и сценаристите за Што тит знаеме!? го интервјуираше Пол Харингтон, ко-продуцентот на Тајната. Во интервјуто, Харингтон го даде овој опис на методите за продукција на Бирн: Го користевме законот за привлечност додека ја правевме програмата. Што се однесува на планирањето и буџетот, работевме многу неконвеционално.Дозволувавме работите сами да дојдат до нас...Само имавме верба дека тие ќе дојдат до нас.

Канал 9, откако го изгледаа целиот филм, одлучија да не го емитуваат. Беше преговарано за нов договор за сите продажби на ДВД-то преку компаниите на Бирн („Прајм тајм“ и „Тајната ДОО“). Од ретроспектива, Лен Даунс од Канал 9 искоментира, „го разгледавме и не го сметавме за нешто што ќе предизвика широка, масовна заинтересираност“. Канал 9 на крајот го емитуваше филмот во 22:30 часот на 3 февруари во 2007 година. Даунс изјави дека „ не помина толку добро“.

Маркетинг

Амбалажа

Филмот беше опишан како "замазнето препакување" на Законот за привлечност, концепт кој потекнува од идеите на „Новата мисла“ од крајот на 19 век. При продуцирањето на филмот, законот беше намерно "спакуван" со фокус на "зголемување на богатството" што се разликува од подуховната насоченост на движењето на „Новата мисла“. Еден од оние што го поддржуваат филмот изјави: "ние сакавме да ја погодиме широката маса, а парите се на прво место во умот на сите". Во една критика на „salon.com“ амбалажата на производите поврзани со филмот е опишана како да се гледа во „нешто што естетски потсетува на Кодот на Да Винчи, полно со прилично лажни пергаменти, фонтови како со перо и мастило и восочни жигови“.

Изборот за темата на филмот да биде „тајна“ се смета за важна компонента за популарноста на филмот. Донавин Бенс, купувач кој се специјализира за метафизика за „Borders Books“ изјави: "Сите ние сакаме да бидеме поврзани со тајна. Но да се претстави како тајната, тоа беше брилијантно." Маркетинг кампања Филмот беше промовиран на интернет преку реклами за задевање и техники за вирусен маркетинг во кои не беа откриени Тајната и конкретните детали за филмот. Покрај тоа, „Prime Time Productions“ додели писмени дозволи на поединци или компании, преку апликација на официјалното мрежно место, за бесплатни проекции на филмот за јавноста. Незадолжително, ДВД-то може да се продаде на овие проекции.

Книгата

Придружната книга на Ронда Бирн беше издадена со наслов „Тајната“ (Сајмон и Шустер, 2006 година).

За „Тајната“ се зборуваше во две епизоди на Опра — и како што филмот стигна до прво место на ДВД списокот на Амазон во март 2007 година, книжната верзија на Тајната стигна на прво место на списокот на бестселери на The New York Times.

Во поголемиот дел од февруари па до април 2007 година, и книгата и ДВД верзијата беа на прво или второ место на „Amazon“, „Barnes & Noble“, и „Borders“. Сајмон и Шустер имаа и второ издание на 2 милиони примероци на Тајната - „најголемата нарачка за второ издание во историјата“," додека „Times“ објави брза продажба на ДВД-то преку „New Age“ книжарите и црквите на „Новата мисла“, како што е Единството и Агапе-меѓународниот спиритуален центар.

Книгата исто така доведе до зголемена продажба на слични книги.

Прифаќање „Тајната“ беше опишана како „самопомошен феномен“, „издавачки феномен“, и „културен феномен“. Некои примери од објавената критика : „задишана живост“ на жанрот за самопомош; „категорично кинематографски“ и „водено од слики и емоции наместо логика“; комбинација на Тони Робинс и Кодот на Да Винчи; и „нерешените мистерии на комерцијалните емисии“.