Манастир — археолошко наоѓалиште во валандовското село Брајковци. Претставува старохристијанска базилика. Се наоѓа источно од селото и од наоѓалиштето Чукарски Пирој, каде на една мала височинка обрасната со густа вегетација се гледаат 7-8 парчиња од обработени мермерни блокови - делови од архитравни греди.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Чукарски Пирој — населба од хеленистичко и римско време; Баракли; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;
Наводи
Категорија:Брајковци