Кузман Поп Стефанија (, - , ) бил виден македонски музичар, еден основачите на култниот ансамбл на староградски песни „Билјана“ од Охрид.
Животопис Поп Стефанија е роден во Охрид во 1935 година. Тој бил еден од основачите на ансамблот на староградски песни „Билјана“ кој во септември 2012 година одбележал 60 години од формирањето. „Билјана“ бил познат музички состав низ некогашните југословенски простори, успешно презентирајќи ја охридската староградска песна. Составен од Кузман Поп Стефанија, Сотир Димитроски - Сингл, Бајрам Адем, Душко Мареноски, Ташко Петроски и Томче Луканоски, ансамблот имал снимено неколку албуми со староградски народни песни и ора, а активно работел сè до 2002 година, презентирајќи ја охридската староградска музика како во земјата, така и во светот. Денес ансамблот повторно е активен, но од страна на потомците на Поп Стефанија. Починал по кратко боледување на 10 јануари 2013 во Охрид.
Наводи
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски музичари