Сермерсок (гренландски: Kommuneqarfik Sermersooq, „место со многу мраз“) е општина во Гренланд. Општината е основата со територијалната поделба од 1 јануари 2009 година. Седиште на општината е Нук, главниот и најголем град во Гренланд. Со своите 21.868 жители според податоците од 2013 година, таа е најголема општина во државата според население. Општината го опфатила поранешните:Sermersooq Municipality општина Амасалик, општина Итокортормит, општина Ивитут, општина Нук и општина Памиут.

Географија Општината се наѓа во централниот и источнио дел на државата и има површина од . Таа е втората најголема општина во државата и светот, по Касуитсуп. На југ се наоѓа општината Кујалек. На запад се наоѓа Лабрадорското Море. На северозапад се наоѓа општината Кеката. На север од општината се наоѓа Гренландскиот национален парк.

Населени места На територијата на општината се наоѓаат следиве населени места:

Област Амасалик Тасилак Кумит Кулусук Тинитекилак Сермилигак Исорток Област Итокортормит Итокортормит Област Ивитут Кангилингуит Област Нук Нук Каписилит Кекертарсуатсијат Област Памиут Памиут Арсук

Сообраќај Сермерсок е една од двете општини кои се протегаат на двата брега на Гренланд. Населените места од источниот и западниот брег се поврзани со летови од Аеродромот Нук и Аеродромот Нерлерит Инат. Исто така има и летови од Нук и Аеродромот Памиут на западниот брег. Меѓу населените места нема патна инфраструктура, како што е и во целата држава.

Наводи

Поврзано Гренланд Општини во Гренланд

* Категорија:Населени места основани во 2009 година