Last Rites е првата демо касета на американскиот треш метал бенд Megadeth. Касетата била објавена на почетокот во 1984 г. и воедно е првиот носач на звук издаден од групата.Основни податоци за албумот
Демото било снимено само два месеци по Мастејновото заминување од Metallica, што е една од причините за кусиот материјал. Во тоа време, Megadeth го сочинувале единствено Мастејн, Дејвид Елефсон и Ли Роуч. Акустиката на песните е со доста слаб квалитет, што се должи на оскудниот финансиски буџет кој бил обезбеден за потребите на проектот.
Песните се многу брзи и абразивни, а нивните составни рифови се сметаат за основи на спид металот. Тие воедно биле и основа за подоцнежниот студиски албум Killing Is My Business... and Business Is Good!, на кој се нашле сите песни со ситни промени во нивната структура.Омот и песни од демото Според одредени мислења, овој мини албум бил повод и останатите хеви метал бендови да започнат да создаваат песни со побрз ритам и со нагласена улога на тапаните.
Список на песни Сите песни биле напишани и компонирани од страна на Дејв Мастејн.
Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Ли Роуч - тапани
Наводи
Категорија:Албуми на Megadeth Категорија:Албуми од 1984