Џиро д’Италија (; или позната како Трка околу Италија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Италија, но исто така повремено поминува и низ некои соседни земји. Трката била првпат организирана во 1909 со цел зголемување на продажбите на весникот La Gazzetta dello Sport; меѓутоа сега е управувана од RCS Sport. Трката била одржувана секоја година од нејзиното прво издание во 1909, освен кога била попречена од двете светски војни. Како трката добивала на значајност и популарноста на трката се зголемувала, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Групата се проширила од главно италијански учесници до велосипедисти од целиот свет. Џиро е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката, најмногу се UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.

Заедно со Тур де Франс и Вуелта а Еспања, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур. Џиро обично се одржува кон крајот на мај или почетокот на јуни. Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на две хронометра, премин низ планинските масиви на Доломитите и Алпите, и завршницата во италијанскиот град Милано. Како и останатите Гранд Тур трки, поновите изданија на Џиро д’Италија обично се состојат од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.

Сите етапи се мерат на крајот; завршните времиња на возачи се составени од сите претходни нивни времиња на етапите. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната розовата маичка. Секогаш генералниот пласман привлекува најмногу внимание на трката од останатите пласмани: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување, пласманот за млад возач за возачите под 25 години и екипниот пласман за најбрзите екипи. Трката во 2019 била освоена од Ричард Карапас, прв еквадорски победник во историјата на Џиро д’Италија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Велосипедски трки во Италија Категорија:UCI ProTour трки Категорија:UCI Светски ранкинг Категорија:Светска турнеја на UCI