Измит (, , Nicomedia) е град во Турција, административен центар на провинцијата Коџаели и на општината Коџаели. Сместен е на заливот на Измит (со древно име Астак) во Мраморното море, околу 100 км источно од Истанбул, во северозападниот дел на Анадолија. Центарот на градот има 300.611 жители според пописот од 2011. Во покраината (вклучувајќи ги руралните средини) има околу 1.459.772 жители. На ова место се наоѓал древниот град Никомедија — еден до најзначајните во источниот дел на Римското Царство помеѓу 286 и 324 г.
Географија Геолошката локација на Измит е помеѓу 40°-41° N и 29°-31° E опкружен со заливот на Измит на југ, Истанбул и Мраморното море на запад, Црното Море на север и Сакарја на исток.
Градот е главно изграден на падините на ридот поради тесната област, додека рамни низини се наоѓаат околу заливот во близина на морето.
Клима Измит има влажна суптропска клима со значителни поморски и континентални влијанија. Летата се топли и влажни, просечната максимална температура е околу 29 °C во јули и Август. Иако температурите обично надминуваат 30 °C во јуни, Јули, Август и дури и Септември. Во зима минималната просечна температура е околу 3 °C во јануари.
Историја
Економија Измит е важен индустриски центар каде што се наоѓа и голема нафтена рафинерија и има повеќе цементарници. Во Измит исто така фабрика има Форд во заедничко вложување со Отосан.
Во изминатите неколку години провинцијата стана центар за автомобилска индустрија во Турција. Денеска, провинцијата Кочаели привлече повеќе од 1200 индустриски вложувања и 108 со интернационален капитал, во Кочаели е сместено исто така и најголемото Турско претпријатие Тупрас Петролеум.
Образование Универзитетот во Кочаели во градот е основан во 1992, и има повеќе од 50,000 студенти.
Галерија
Интернационални врски Збратимени градови Измит е збратимен со Касел, Германија, од 1989 Улсан, Јужна Кореја Секесфехервар, Унгарија Џинан, Кина Мериленд, САД
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Кочаели
Категорија:Градови во Турција Категорија:Коџаели (покраина)