Вајмар () — округ во источниот дел на Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од североисток надесно) округот Бургенланд во Саксонија-Анхалт, округот Зале-Холцланд и слободниот град Јена, округот Залфелд-Рудолштат, Илм и слободниот град Ерфурт. Слободниот град Вајмар е целосно опкружен од округот.

Историја

Округот потекнува од Großkreis Weimar, кој бил создаден во 1922 откако била создадена сојузната покраина Тирингија. Двата града Вајмар и Аполда не биле дел од округот. Во 1952, округот бил поделен на два дела - Вајмар и Аполда. Во 1994, двата дела биле споени повторно, меѓутоа не била целосно опфатена територијата од пред 1952.

Географија мини|Брана Главна река во округот е Илм. На југ се ридовите на Тириншката Шума, вклучувајќи ја највисоката точка Riechheimer Berg со 511 метри надморска височина. На север од округот теренот е помалку ридест. Во овој дел се наоѓа најниската точка со 120 метри, на вливот на реките Илм и Зале. Близу Бад Залца почнува винската патека Зале-Унштрут, каде винокултурата во округот има традиција повеќе од 800 години.

Грб

130п|ГрбГрбот покажува симболи на историските држави на територијата на округот. Лавот на десната половина стои за војводите на Саксо-Вајмар-Ајзенах, горниот лев дел го прикажува Тркалото на Мајнц, а трите јаболка се симболот на Аполда и биле користени во грбот на владетелите на Аполда. Грбот бил донесен на 24 ноември 1994.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Аполда Бад Берка Бад Зулца Бланкенхајн Еберштет Гросхеринген Илмтал-Вински Пат Кедерич Кромсдорф Нидертребра Обертребра Ранштет Залеплате Шмидехаузен Општински заедници1. Граметал Бехштетштрас Дасдорф на Берге Хопфгартен Исерода1 Менхенхолцхаузен Нидерцимерн Нора Отштет на Берге Тројштет 2. Кранихфелд Хоенфелден Клетбах Кранихфелд1, 2 Науендорф Ритерсдорф Тондорф3. Мелинген Бухфарт Дебричен Франкендорф Гросшвабхаузен Хамерштет Хечбург Капелендорф Килијансрода Клајншвабхаузен Ленштет Магдала2 Мехелрода Мелинген1 Етерн Умпферштет Фолерсрода Вигендорф4. Нордкрајс Вајмар Балштет Берлштет1 Бутелштет2 Етерсбург Грособринген Хајхелхајм Клајнобринген Краутхајм Лојтентал Нојмарк2 Рамсла Рорбах Заксенхаузен Шверштет Фипахеделхаузен Волсборн1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница