Випфратал () — поранешна општина во округот Илм, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Од 1 јануари 2019 година претставува дел од градот Арнштат.
Општината се наоѓала помеѓу трите големи градови во округот: Арнштат на север, Илменау на југ и Штатилм на исток. Била основана во 1994 година и опфаќала дванаесет единици, од кои Марлисхаузен била најголема. Сепак, седиштето на општинската управа била во селото Бранхевинда. Надлежна општина била окружниот град Арнштат.
Општината била именувана по реката Випфра, на која се наоѓале седум од дванаесетте единици.
Географија
Општината се наоѓала помеѓу Тириншката Котлина на север и Тириншката Шума на југ на височина од 319 метри.
Соседни општини
Општината се граничела со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Алкерслебен, Беслебен-Вилерслебен, Штатилм, Илменау, Плауе, Арнштат и Дорнхајм.
Општински единици
Општината била составена од следниве единици:
Единица Жители2013 Површина Височина Прво споменување мини|center|Општински единици Бранхевинда 153 3,33 км² 387 м 876 Данхајм 267 6,47 км² 377 м 750 Етишлебен 148 3,49 км² 312 м 750 Гербицхаузен 116 1,62 км² 341 м 1186 Хаузен 176 1,67 км² 332 м 932 Кетмансхаузен 89 2,01 км² 414 м 1450 Марлисхаузен 1210 7,74 км² 319 м 750 Нојрода 201 5,12 км² 402 м 1378 Рајнсфелд 174 5,49 км² 448 м 1209 Рода 62 2,81 км² 340 м 1239 Шмерфелд 96 2,99 км² 430 м 1303 Випфра 172 5,06 км² 402 м 1348
Галерија
Во сите места постојат селски цркви.
Надворешни врски
Категорија:Илм (округ) Категорија:Поранешни општини во Тирингија Категорија:Села во Тирингија