Ајсфелд () — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Вера, 12 километри источно од окружниот град Хилдбургхаузен и 19 километри северно од градот Кобург.
Географија Местоположба
Градот се наоѓа во округот Хилдбургхаузен, само неколку километри од границата со Баварија, на крајниот југ од Тириншката Шума. Тој се наоѓа на надморска височина од 430 до 530 метри, во горниот тек на реката Вера.
Местото Вафенрод/Хинтерод се наоѓа на 700 метри, близу планината Грендел.
Градски единици
Градското подрачје е поделено на седум единици:Hauptsatzung der Stadt Eisfeld vom 25. Februar 2014, Eisfelder Amtsblatt, Nr. 3/2014, S. 3
Ајсфелд Бокштат-Хербартсвинд Харас Хајд Хиршендорф Заксенбрун Вафенрод-Хинтерод
Политика Градски совет
Советот на градот Ајсфелд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија/Листа Места +/– EFW 8 − 3 FWGS 3 + 3 Левица 3 − 1 CDU 3 ± 0 SPD 2 ± 0 BZH 1 + 1
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.
Збратимени градови
Ајсфелд е збратимен со следниве градови:
Ахорн, Германија (од 1990 г.) Ам, Франција (од 1995).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хилдбургхаузен (округ)