Ремхилд () — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 14 километри западно од окружниот град Хилдбургхаузен и 21 километар југоисточно од градот Мајнинген.

Градот претставувал седиште на поранешната Грофовија Хенеберг-Ремхилд (1491–1581), како и на Војводството Саксонија-Ремхилд.

На 31 декември 2012 година, кон него биле припоени поранешните општини Глајхамберг, Хајна, Мендхаузен, Милц и Вестенфелд.

Географија Местоположба Ремхилд се наоѓа на ридскиот масив Глајхберге во областа Грабфелд во Хенебергер Ланд, непосредна на покраинската граница со Баварија.

Градски единици

Градското подрачје е поделено на 14 единици:

Бедхајм Ајха Глајхамберг Глајхервизен Хајна Хиндфелд Мендхаузен Милц Ремхилд Рот Зимерсхаузен Зилцдорф Вестенфелд Цајлфелд

Историја

Во градската црква на Ремхилд се наоѓа гробот на Елизабета и Херман VIII од Хенеберг. Правењето на гробот му се припишува на Херман Фишер Помладиот (околу 1486–1517), член на семејството Фишер од Нирнберг.

Политика Градски совет

Советот на градот Ремхилд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партија/Листа % Места +/- CDU/FDP/FK 41,3 8 + 4 Слободни гласачи 29,9 6 − 3 Слободни гласачи Хајна 11,6 2 ± 0 Левица 8,0 2 + 1 BZH 5,0 1 + 1 Зелени 3,3 1 + 1 SPD 1,0 0 − 1 KIR n.k. 0 − 2 WG Milz n.k. 0 − 1 Вкупно 100,0 20 ± 0

На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.

Градоначалник

Хајко Бартоломојс (CDU) бил избран на 24 февруари 2019 година со 53,4% од гласовите за нов градоначалник.Bürgermeisterwahl 2019, 13. Mai 2019

Збратимени градови

Ремхилд е збратимен со следниве градови:

Бад Кенигсхофен во Грабфелд, Германија Кнецгау, Германија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Хилдбургхаузен (округ)