Шлојзинген () — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на 10 километри северно од окружниот град Хилдбургхаузен и 12 километри југоисточно од слободниот град Зул.
Географија Местоположба
Градот е сместен во историско-географската област Хенебергер Ланд, а своето име го добил од реката Шлојзе, која поминува јужно од градското јадро. Низ самиот град поминува потокот Нае, кој се влева во Шлојзе. Северно од градот, потокот Ерле, пак, се влева во Нае.
На подрачјето на градот се наоѓа Адлерсберг на височина од 850 метри.
Градски единици
Градското подрачје е поделено на седумнаесет единици:
Алтендамбах Брајтенбах Ерлау Фишбах Гајзенхен Гетлес Готфридсберг Хекенгеројт Хиршбах Хинтерна Оберод Рапелсдорф Рачер Шлојзингернојндофр Зилбах Санкт Килијан Валдау
Политика Градски совет
Советот на градот Шлојзинген се состои од 24 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија/Листа Места +/– FWS 7 + 4 CDU 7 − 3 SPD 4 + 2 Левица 2 ± 0 FWW 2 + 2 Актив 1 − 1 BZH 1 + 1
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.
Градоначалник
1990 – јуни 2018: Клаус Бродфирер (CDU) од ноември 2018: Андре Хенеберг (FWS)
Збратимени градови
Шлојзинген е збратимен со следниве градови:
Плетенберг, Германија (од 1990 г.)
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хилдбургхаузен (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)