Даскал Камче со вистинско име Камче Наков Поп-АнгеловТодоровски, д-р Томислав. Македонија - настани, личности, дела. Општ книжевно-историски прирачник. „Матица македонска“, Скопје-Мелбурн, 1999. стр.226 (околу 1790 — 1848) — македонски просветен деец, учител и печатар. Ја отворил една од првите печатници во Македонија, во екот на македонското просветителство и борбата против грцизмот, во првата половина на XIX век. Во чест на неговата печатарска дејност, печатницата во Кавадарци го носи неговото име.

Живот, учителско-просветна и творечко-книжевна дејност

Рано детство Роден е околу 1790 година во селото Корешница, близу Демир Капија, во сиромашно семејство кое во почетокот на XIX век се доселило во кавадаречкото село Ваташа. Во Ваташа го започнал своето школување, кое набргу го напуштил поради материјалните тешкотии и самоучки го совладал писмото.Тодоровски, д-р Томислав. Македонија - настани, личности, дела. Општ книжевно-историски прирачник. „Матица македонска“, Скопје-Мелбурн, 1999. стр.92

Според народните преданија се вели дека Камче уште од мал имал голем афинитет кон пишаниот збор и образованието. Тој бил особено надарен за пеење, а набргу бил приметен од црковните органи и бил поканет да пее во црковниот хор на црквата „Успение на пресвета Богородица”.

Образовна дејност Желбата да научи нешто повеќе го терала постојано да патува. Еден период престојувал во Белград, каде го дооформувал своето образование за подоцна 1827/1828 година престојувал во Света Гора, каде што го научил грчкиот јазик и го усовршил црковното пеење. лево|мини|238x238пкс|"Кратко описание двадесјат манастиреј обретајуштесја во Светој Гору Атонској" 1839 година За да ја олесни работата на водичите, како и на посетителите на Светогорските манастири Даскал Камче изработил еден краток водич за дваесетте Светогорски манастири, наречен „Кратко описание двадесјат манастиреј обретајуштесја во Светој Гору Атонској“. кој бил објавен од Теодосиј Синаитски во февруари 1839 година.Тодоровски, д-р Томислав. Македонија - настани, личности, дела. Општ книжевно-историски прирачник. „Матица македонска“, Скопје-Мелбурн, 1999. стр.92-93 Книгата е напишана на црковнословенски јазик, а само описот на манастирот Зограф е на македонски народен јазик. Според Марин Дринов, книгата била превод од сличен грчки текст,Тодоровски, д-р Томислав. Македонија - настани, личности, дела. Општ книжевно-историски прирачник. „Матица македонска“, Скопје-Мелбурн, 1999. стр.93 но тоа не го намалува значењето и фактот дека Даскал Камче имал творечки обиди, меѓу кои делумно и на народен македонски јазик во екот на македонското просветителство на почетокот на XIX век. По неколку поминати години на Св. Гора Даскал Камче се вратил во Ваташа во 1830 година.

Отворање на народно училиште мини|246x246пкс|Училиштето во Ваташа. мини|246x246пкс|Училиштето (народното читалиште) во Ваташа Збогатен со нови сознанија, идеи и искуства даскал Камче направил обид во Ваташа да отвори народно училиште, по примерот на оние училишта што имал можност да ги види во Белград, Софија, Солун, Скопје, Велес и други градови. Меѓутоа сите негови обиди и идеи биле попречувани од грчкиот фанариотски владика Јеротие, кој по еден месец во годината престојувал во селото Ваташа. Меѓутоа Даскал Камче бил упорен и енергичен во остварувањето на својата идеја.

Го предводел народното незадоволство против грчкото свештенство и бил зачетник за изградба на ново училиште одвоено од црквата, а истовремено одржувал врски со архимандритот Теодосиј Синаитски.

Во 1830 година по негова иницијатива ваташани започнале со изградба на селското училиште кое се наоѓало во непосредна близина на црквата „Св. Богородица“. За прв учител на световното училиште во Ваташа бил назначен Камче Наков, а по тоа го добил и прекарот „даскал“ (во превод учител) по кој бил познат додека бил жив, а тоа останало и како дел од неговиот личен идентитет и подоцна во македонската историја и историографија.

Печатарска дејност лево|мини|205x205пкс|Страница од „Таблица перваја“ мини|273x273пкс|Бугарски обид да се бугаризира печатницата на Даскал Камче, со приказ на постер печатен многу години после неговата смрт. За таа цел поставено е лого на кое допишале дека се работи за истата печатница која ја водел Даскал Камче од 1837 година и испис дека истата била бугарска. Со материјална помош од кавадаречкиот богатник Јовко Марков и од Теодосиј Синаитски, тајно ја отворил познатата Ваташка печатница во 1836 година, една од првите во Македонија, набавувајќи го печатарскиот материјал во Белград.

Сместена во неговиот дом, печатницата почнала да печати мали книшки. Се претпоставува дека во ваташката печатница на Даскал Камче биле отпечатени „Таблица перваја“ на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, како и книгата „Служение еврејско”. Нејзината работа ќе биде оневозможена во моментот кога ќе биде откриена од грчкото свештенство. Сепак, таа благовремено е префрлена во Солун од страна на Синаитски во 1839 и таму продолжува да работи сè до 1842 година, кога изгорела во подметнат пожар. Во 1847 година, Даскал Камче, повторно потпомогнат од Јовко Марков, купил во Белград букви за нејзината обнова, но тоа му создало нови непријатности. Смртта во 1848 година, го спасила од поголеми малтретирања. Според други податоци, Даскал Камче починал околу 1855 година.

По неговата смрт извесен период во Ваташа како учител работи неговиот син Димитар Поп Ангелов, кој подоцна се преселил во Битола. Своето самообразование даскал Камче успеал да го издигне над нивото на своите учители, при што се здобил со завидна култура за времето во кое што живеел.

Поврзано

Ваташкото училиште „Даскал Камче“

Наводи

Категорија:Луѓе од Корешница Категорија:Починати во Ваташа Категорија:Родени во 1790 година Категорија:Починати во 1848 година Категорија:Македонски просветители Категорија:Отомански просветители