мини|Административната зграда во Донечката Област Донечка Област (украински: Донецька область; исто така се нарекува и Донечшчина - украински: Донеччина) — област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Донецк, иако поради војната во Украина, администрацијата била пренесена во Краматорск.Kikhtenko to move Donetsk administration to Kramatorsk and to leave power structures in Mariupol Mirror Weekly, mw.ua

Географија Област има вкупна површина од 26.517 км2. На запад се граничи со Запорошката и Днепропетровската Област, на север со Харковската Област, на југ со Азовско Море, а на исток со Луганската област и Русија. Во областа има 874 села и 52 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Миус и Лугањ.

Демографија Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Донечката Област го сочинуваат Украинците (56,87%), а остатокот го сочинуваат Руси (38,22%), Грци, Белоруси, Татари, Ерменци, Евреи и други. Наводи

Надворешни врски Службена страница

Категорија:Области во Украина Категорија:Донбас Категорија:Држави и територии настанати во 1938 година