Лауша () — мал град во округот Зонеберг, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 13 километри северно од окружниот град Зонеберг и 24 километри југозападно од градот Залфелд.
Лауша е познат по дување на стакло, особено за украсување на божиќните дрвја.
Географија Местоположба
Лауша се наоѓа на планинскиот масив на Тириншките Шкрилни Планини, помеѓу градовите Зонеберг, Илменау и Залфелд. Градот е вгнезден во стрмната долина на притока на реката Штајнах, во подножјето на планинскиот масив Ренштајг. Главната железничка станица во Лауша е на 611 метри надморска височина, додека највисоката точка во градот достигнува и 834,5 метри надморска височина.
Соседни општини
Соседи се следниве градови и општини:
Нојхаус на Ренвег Лихте Пизау Оберланд на Ренштајг Штајнах Штајнхајд
Градски единици
Североисточно од градот се наоѓа Ернстал на Ренштајг, кој од 1994 година е дел од Лауша.
Градското подрачје нема посебна административна поделба.
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Лауша се состои од 16 членови.
Партии и листи %2019 Места2019 %2014 Места2014 %2009 Места2009 %2004 Места2004 %1999 Места1999 %1994 Места1994 CDU 24,6 4 17,8 3 22,9 4 16,6 3 39,5 6 28,3 5 Die Linke 23,6 4 30,7 5 19,4 3 19,6 3 22,4 4 - - SPD 23,3 4+1 34,1 5+1 18,4 3+1 11,9 2+1 31,2 5+1 55,5 9+1 NPD 16,6 2 10,7 2 - - - - - - - - Демократска граѓанска листа (DBL) 6,3 1 6,6 1 6,8 1 - - - - - - Die Partei 5,6 1 - - - - - - - - - - DVU - - - - 11,8 2 8,3 1 6,9 1 - - Алтернатива за Лауша (AfL) - - - - 20,8 3 43,7 7 - - - - Листа на слободни гласачи (FWL) - - - - - - - - - - 8,1 1 Grüne - - - - - - - - - - 8,1 1Излезност во %55,645,650,953,156,880,1
Градоначалник
За градоначалник е Норберт Цицман (SPD).
Збратимени градови
Лауша е збратимен со следниве градови: Хојбах, Германија Кипс, Германија Железни Брод, Чешка
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Зонеберг (округ)