Тимотеј Дебарско-кичевски ( - ) — македонски владика, митрополит на Дебарско-кичевската епархија, МПЦ-ОА.
Животопис мини|лево|Митрополитот Тимотеј со амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер, во посета на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, 2009 година. Тимотеј е роден на 20 октомври 1951 година во Младо Нагоричане, Кумановско со световното име Славе Јовановски. Во 1976 година дипломира на Богословскиот факултет. Потоа работ како службеник во Македонската архиепископија. Од страна на Синодот е испратен во Рим каде што ги завршува ориенталните студии и магистрира. На богословскиот факултет во Скопје извесно време работи како професор, а е поставен и за в.д. ректор на Македонската православна богословија.
Монашки потстриг прима на 10 септември 1981 година во Бигорскиот манастир, а на следниот ден е ракоположен за јероѓакон во истиот манастир. На 13 септември истата година е ракоположен за јеромонах во Кичевскиот манастир, а за архимандрит е произведен во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Битола.
По изборот за епископ на 20 септември 1981 година хиротонисан е за архијереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година е Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, потоа со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски сè до неговата смрт во 2024 година.
Наводи
Категорија:Дебарско-кичевски митрополити Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Луѓе од Младо Нагоричане