Тирана (, мак. Трнава) — една од 12-те области во Албанија. Се состои од окрузите: Каваја, Тирана (Трнава), Вора и Рогожина и нејзиниот главен град е Тирана. Според пописот од 2011 година во областа живеат 749,365 жители и со тоа го има најголемиот број на жители во Областите во Албанија.

Административна поделба До 2000 година, областа Тирана беше поделена на два окрузи: Каваја и Тирана. Од 2000 наваму, се состои од следниве 29:

Балдушк Барѕул Баржит Дајт Фарка Голем Госа Хелмс Камза Кашар Каваја Краба Криевид Лекај Луз и Вогел Ндроќ Паскуќан Петрела Пеза Преза Рогожина Шенѓерѓ Синабалај Синеј Тирана Вагар Вора Зал-Бастар Зал-Хер

Население Според последниот попис на населението од 2011, областа има 749,365 жители. Етничката структура е следнава: Албанци = 630,203 (84.10%) Грци = 2,596 (0.35%) Македонци = 513 (0.07%) Црногорци = 44 (0.01%) Власи = 856 (0.11%) Роми = 2,371 (0.32%) Египќани = 790 (0.11%) останати = 1,042 (0.14%) без одговор = 110,950 (14.81%)

Наводи

Надворешни врски Регионален совет на Тирана

Категорија:Тирана (област) Категорија:Области во Албанија