мини|АЕ1 фолис на Диоклецијан, 27 мм

Првобитно во раниот римски период со терминот фолис се означувало ќесе со определена количина бронзени пари. Со монетарната реформа на Диоклетијан (284-305) во 294 г. била воведена нова голема бронзена монета, чие античко име не е познато, која денес се нарекува нумус или фолис. Тежината на оваа монета изнесува околу 10 г, а истата содржи околу 4% сребро кое е нанесено врз бронзата. Со монетарната реформа во 301 г. тежината на фолисот е редуцирана. Во времето на Константин I (306-337) фолисот, односно нумусот е уште помал и речиси не содржи сребро.

Повторното воведување на фолисот како голема бронзена монета се случило во 498 г. со монетарната реформа на Анастасиј I (491 - 518). Со таа реформа биле воведени знаци на вредност (букви од грчката азбука) забележани на реверсната страна на монетата: М (40), К (20), И (10) и Е (5) нумии, кои се употребувале околу 300 години од нивното воведување, иако во последните децении на употреба буквите го изгубиле своето значење, како ознака за вредноста.

Поврзано Империјално монетоковање Рановизантиско монетоковање Солидус Семис Тремиз Милиаренс

Надворешни врски Близок поглед кон Фолис

Категорија:Римски монети Категорија:Византиски монети