Ебелебен () — мал град во округот Кифхојзер, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 13 километри југозападно од окружниот град Зондерсхаузен.
Градот поседувал голем замок, кој бил уништен во април 1945 година.
Географија Местоположба
Ебелебен се наоѓа во северниот дел на Тирингија и е опколен од ридските масив Хајнлајте од североисток, од Дин од северозапад и од Хајлингер Хеен од југ.
Низ Ебелебен тече реката Хелбе.
Градски единици
Кон градот Ебелебен припаѓаат петте места: Алменхаузен, Гундерслебен, Рокензусра, Тирингенхаузен и Видермут.
Градски дел на Ебелебен е Маркзусра.
Политика Градски совет
Градскиот совет на Ебелебен се состои од 14 членови. Членовите биле избрани на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen - endgültiges Ergebnis für Ebeleben
Согласно припојувањето на општината Тирингенхаузен на 31 декември 2019 година, Градскиот совет бил проширен за еден член и сега се состоел од 15 членови и градоначалник.
Партија / Листа Места 2019 Места 2014 Места 2009 FW 8 4 6 CDU 2 2 2 SPD/Левица 2 – – SPD – 4 5 Левица – 2 2 NPD 1 1 – ВфЛ 1888 Ебелебен 1 1 –
Градоначалник
Моментален градоначалник е Штефен Гребел. Бил избран на 15 април 2018 година.
Збратимени градови
Ебелебен е збратимен со следниве градови:
Митвиц, Германија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кифхојзер (округ)