250п|мини|десно|Историската област Ајхсфелд (до 1945)

Ајхсфелд () — округ во сојузната покраина Тирингија, Германија и е дел од историската област Ајхсфелд. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Нордхаузен, Кифхојзер и Унштрут-Хајних и со покраините Хесен (округот Вера-Мајснер) и Долна Саксонија (окрузите Гетинген и Остероде).

Историја

Во средновековието, областа Ајхсфелд, која е поголема отколку округот Ајхсфелд, била посед на бискупите од Мајнц, иако не е воопшто близу градот.

Ајхсфелд била единствената област во Тирингија која не ја прифатила реформацијата, најмногу поради напорите на надбискупот на Мајнц.

Во 1801 биле укинати верските држави и Прусија ја добила областа, но повторно ја загубила во Наполеоновите војни. На Виенскиот конгрес (1815) Прусија како и кралството Хановер ја барале областа Ајхсфелд. Областа била поделена помеѓу двете држави. Иако Хановер бил припоен од Прусија во 1866, оваа граница останала помеѓу двете пруски покраини, подоцна помеѓу Источна и Западна Германија и денес помеѓу Тирингија и Долна Саксонија.

Денешниот округ бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Ворбис и Хајлигенштат. мини|Замокот Мајнц во Хајлигенштад, изграден помеѓу 1736 и 1738 година како резиденција на архиепископскиот изборен гувернер на Мајнц, денес седиште на окружната канцеларија на областа Ајхсфелд Географија

Округот бил именуван по историската област Ајхсфелд, која ги опфаќа северните делови на денешниот округ и делови од Долна Саксонија, областа околу Дудерштат наречена „Долен Ајхсфелд“ (Untereichsfeld). Округот е претежно ридест, а на север се протегаат планините Харц. Исто така, претставува географски центар на Германија. Реките Лајне и Унштрут извираат во Ајхсфелд.

Името се верува дека потекнува од Ајхенфелд („Eichenfeld“), што значи поле со дабови. Помалку популарна теорија за потеклото на името е зборот „Ајсфелд“ (поле на мразот).

Грб

120п|ГрбГрбот го прикажува хералдичкиот орел на Прусија, заедно со Тркалото на Мајнц, што бил симбол на бискупите на Мајнц. Овие грбови биле донесени кратко откако Прусија го добила Ајхсфелд (1801). Во 1816 Ајхсфелд повеќе не претставувал географска област и грбот станал небитен. Повторно бил воведен во 1945 (користен до 1952) и повторно во 1994.

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Хајлбад Хајлигенштат Лајнефелде-Ворбис Ам Омберг Зоненштајн Општински заедници1. Дингелштет Дингелштет1, 2 Хелмсдорф Калмероде Кеферхаузен Кројцебра Зилберхаузен 2. Ајхсфелдер Кесел Дојна Гертероде Хаузен Клајнбартлоф Нидероршел1 3. Ајхсфелд-Виперауе Брајтенворбис1 Була Гернроде Хајнроде Кирхворбис 4. Ерсхаузен/Гајсмар Бернтероде кај Хајлбад Хајлигенштат Дитероде Гајсмар Кела Кромбах Пфафшвенде Шимберг1 Швобфелд Зикероде Фолкероде Визенфелд5. Ханштајн-Рустеберг Аренсхаузен Борнхаген Бургвалде Фрајенхаген Фретероде Герберсхаузен Хоенгандерн1 Кирхгандерн Линдевера Март Рорберг Рустенфелде Шахтебих Валхаузен 6. Лајнетал Боденроде-Вестхаузен1 Гајследен Глазехаузен Хојтен Хоес Кројц Рајнхолтероде Штајнбах Вингероде7. Линденберг/Ајхсфелд Берлингероде Бреме Еклингероде Ферна Хундесхаген Тастунген Тајстунген1 Венде 8. Удер Асбах-Зикенберг Биркенфелде Диценроде-Фатероде Ајхструт Лентероде Лутер Макенроде Рериг Шенхаген Штајнхојтероде Талвенден Удер1 Вистхојтероде 9. Вестервалд-Оберајхсфелд Битштет Ефелдер Гросбартлоф Килштет1 Вахштет1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски Официјална страница

Категорија:Окрузи во Тирингија