Илинце — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Селото се наоѓа во Прешевската долина, веднаш до границата со Косово. Според пописот од 2002, селото имаше 136 жители Popis stanovništva, domaćinstava i Stanova 2002. Knjiga 1: Nacionalna ili etnička pripadnost po naseljima. Republika Srbija, Republički zavod za statistiku Beograd 2003. ISBN 86-84433-00-9 (според пописот од 1991, селото имало 155 жители). Селото е високопланинско и се наоѓа во Прешевскиот дел на Скопска Црна Гора.
Економија
Населението главно се занимава со земјоделство и живинарство.
Демографија Во селото живеат 73 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 26 години (26,4 кај мажите и 25,5 кај жените). Во селото има 29 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,69.
Ова село е во голем број населено со Албанци (според пописот од 2002 година). Селото има висока стапка на емиграција. Населението емигрира во Гњилане, Прешево, Куманово и Скопје.
График промене броја становника током 20. века
Наводи
Категорија:Населени места во Јужна Србија Категорија:Прешево Категорија:Албански населби во Србија