Увеитис е воспаление на увеата – васкуларната покривка на окото, која се наоѓа помеѓу ретината и белката на окото. Увеата се протега напред до ирисот (шареницата), хороидната покривка и цилијарното тело. Најчестиот тип на увеитис е воспаление на ирисот, наречен иритис (преден увеитис).
Симптоми Знаци и симптомите на увеитис вклучуваат: црвенило на окото болка во окото чувствителност на светло заматен вид темни честички во видното поле кои лебдат намален вид хипопион – гнојна колекција во долниот дел од шареницата (ирисот)
Причини До сега не е детерминирана специфична причина за увеитис. Сепак, кај некои луѓе тој е асоциран со: автоимуно заболување (ревматоиден артритис или анкилозантен спондилитис); инфламаторно заболување (Хронова болест или улцеративе колитис); инфекции (болест на мачкино гребење, херпес, сифилис, токсоплазмоза, туберкулоза); повреда на окото; одредени карциноми (лимфома).
Компликации Ако не се лекува, увеитисот може да ги даде следниве компликации:
висок интраокуларен притисок (глауком); оштетување на оптичкиот нерв; заматување на леќата (перде) или корнејата (рожницата); одлепување на ретината; губење на вид.
Лекување Лекувањето на увеитис може да вклучи: анти-инфламаторни лекови; антибиотици или антивирални лекови; имуносупресиви или цитотоксични лекови; операција – витректомија. Надворешни врски
Увеитис - За Здарвје - Портал од областа на емдицината
Категорија:Воспаленија Категорија:Медицински поими Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ