мини|300п|Биосферен резерват Шпревалд мини|Карта на резерватот Шпревалд
Шпревалд или „Шума околу Шпре“ (, ) се наоѓа околу 100 километри југоисточно од Берлин. Бил одреден како биосферен резерват од УНЕСКО во 1991. Познат е по неговиот традиционален систем за наводнување, кој се состои од над 200 мали канали (наречени Fließe; со вкупна должина од 1.300 километри) во рамки на областа од 484 км². Пределот бил обликуван во текот на леденото доба. Шумите од евла во мочуриштата и боровите во сувите делови се карактеристички за областа. Можат да се сретнат и пасишта и полиња.
Опис
десно|мини|Историска куќа во Леде (дел од градот Либенау
Околу 50.000 луѓе живеат во биосферниот резерват (1998). Многу од нив се наследници на првите доселеници во областа Шпревалд, словенските племиња на Лужичките Срби/Вендите. Тие успеале да го зачуваат нивниот јазик, обичаи и облека.
Луѓето главно зависат од туризмот. Многу туристи уживаат во откривањето на Шпревалд со чунови. Земјоделството, шумарството и рибарството се другите значајни извори на приходи. Главен град во областа е Либенау.
Шпревалд е употребен во имињата на следниве окрузи во Германија:
Даме-Шпревалд Горен Шпревалд-Лужица
Природа
Околу 18.000 врсти на флора и фауна постојат во резерватот. Во 1991, Шпревалд бил прогласен за биосферен резерват од страна на УНЕСКО.
Галерија
Надворешни врски
Официјална страница Водич низ Шпревалд Информации околу областа, луѓето и туризмот во Шпревалд
Категорија:Заштитени области на Бранденбург Категорија:Даме-Шпревалд Категорија:Горен Шпревалд-Лужица Категорија:Географија на Лужица Категорија:Биосферни резервати во Германија