Пабло Даниел Освалдо (роден на 12 јануари 1986) — аргентинско-италијански поранешен фудбалер, напаѓач.
Клупска кариера Рана кариера лево|125px|thumb| Освалдо игра за Фјорентина во 2008 година Освалдо го направил своето професионално фудбалско деби во аргентинската 2 дивизија за Уракан во 2005 година. По помалку од една година тој бил ангажиран од страна на италијанската екипа Аталанта, каде што одиграл само три натпревари и постигнал еден единствен погодок во сезоната 2005-06 во Серија Б. Во 2006 Аталанта се согласила на ко-сопственост договор да го испрати играчот во Лече, друг Серија Б тим, каде Освалдо имал можност да игра редовно, постигнувајќи осум гола во 31 настапи со Џалоросите. По една таква прилично импресивна сезона, Аталанта го вратила играчот и го продала на Фјорентина за 4.600.000 €. Тој го одиграл својот прв натпревар во Серија А на 29 септември 2007 година, постигнувајќи два гола во победата како гост со 3-0 над Ливорно.
Тој ја напуштил Фиорентина на 20 јануари 2009 година и и се приклучил на Болоња на заем за 2.000.000 €. На крајот на сезоната Болоња го купила него за дополнителни 5 милиони € потпишувајчи го Освалдо на 4-годишен договор. На 23 август 2009 Освалдо го постигнал првиот гол за Болоња оваа сезона против неговиот поранешен клуб Фјорентина и му донел на својот тим израмнување.
Еспањол На 10 јануари 2010, Освалдо се преселил во Шпанија потпишувајќи за Еспањол. За сезона и половина тој одиграл 44 првенствени натпревари и постигнал точно 20 гола.
Рома По успешната втора сезона со Еспањол, каде Освалдо постигнал повеќе од еден гол на секој втор натпревар, тој бил продаден на Рома за сума до € 17.500.000 на 25 август 2011. На 22 септември 2011, тој го постигнал својот прв гол за Рома, во натпреварот што завршил 1-1 со Сиена.
Надворешни врски
Дани Освалдо на worldfootball Дани Освалдо на transfermarkt
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Саутхемптон Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:Фудбалери на ФК Бока Хуниорс Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Банфилд Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година