Оваа статија се однесува на историјата на индискиот дел од континентот пред поделбата на Индија во 1947 година. За модерната Република Индија, прочитајте ја статијата “Историја на Република Индија”. За Пакистан и Бангладеш, прочитајте ги статиите “Историја на Пакистан” и “Историја на Бангладеш”.
Историјата на Индија започнува со докази активност на раните современи луѓе кои првпат пристигнале на Индискиот Потконтинент помеѓу 73.000 и 55.000 години. Quote: "Y-Chromosome and Mt-DNA data support the colonization of South Asia by modern humans originating in Africa. ... Coalescence dates for most non-European populations average to between 73–55 ka." Најраните познати човечки остатоци во Јужна Азија датираат од пред 30.000 години. Седентарноста започнала во Јужна Азија околу 7000 п.н.е.; до 4500 п.н.е., се проширил населениот живот, и постепено се развил во цивилизацијата по долината на Инд, една од трите рани лулки на цивилизацијата во Стариот Свет, која процветала помеѓу 2500 п.н.е. и 1900 г. п.н.е. во денешен Пакистан и северозападна Индија. На почетокот на вториот милениум п.н.е., постојаната суша предизвикала распрснување на населението од долината на Инд од големите урбани центри во селата. Индоариските племиња се преселиле во Пенџаб од Средна Азија во неколку бранови на миграција. Ведскиот период на ведскиот народ во Северна Индија (1500–500 п.н.е.) бил обележан со составот на нивните обемни збирки химни (Веди). Општествената структура била лабаво стратификувана преку системот на варна, инкорпорирана во високо развиениот денешен систем Јати. Пастирските и номадските Индо-Аријци се прошириле од Пенџаб во Индоганшката Низина. Околу 600 п.н.е., се појавила нова, меѓурегионална култура; потоа, малите поглавари (јанапади) биле консолидирани во поголеми држави (махаџанапади). Се случи втората урбанизација, која дошла со подемот на нови аскетски движења и религиозни концепти,Flood, Gavin. Olivelle, Patrick. 2003. The Blackwell Companion to Hinduism. Malden: Blackwell. pp. 273–274 вклучувајќи го и подемот на џаинизмот и будизмот, кој бил синтетизиран со веќе постоечките религиозни култури на потконтинентот, што довело до хиндуизмот.
Чандрагупта Маурија го уништил Нанданското Царство и го основал првото големо царство во Стара Индија, Мауриското Царство. Индискиот мауриски крал Ашока е широко признат за неговото историско прифаќање на будизмот и неговите обиди да шири ненасилство и мир низ неговата земја. Мауриското Царство пропаднало во 185 п.н.е., по убиството на тогашниот цар Брихадрата од страна на неговиот генерал Пушјамитра Шунга. Шунга го формирал Шунгатовото Царство на север и североисточно од потконтинентот, додека Грчко-Бактриското Кралство на северозапад основало Индо-Грчко Кралство. Различни делови од Индија биле управувани од бројни династии, вклучително и Царство Гупта, во 4 до 6 век од нашата ера. Овој период, сведок на хинду религиозно и интелектуално оживување е познат како класично или златно доба на Индија. Аспектите на индиската цивилизација, администрација, култура и религија се проширија во поголемиот дел од Азија, што довело до формирање на индиски кралства во регионот, формирајќи ја Голема Индија.The Cambridge History of Southeast Asia: From Early Times to c. 1800, Band 1 by Nicholas Tarling, p. 281Flood, Gavin. Olivelle, Patrick. 2003. The Blackwell Companion to Hinduism. Malden: Blackwell. pp. 273–274. Најзначајниот настан помеѓу 7 и 11 век била Тројната борба со центар на Канауј. Јужна Индија го забележила подемот на повеќе царски сили од средината на 5 век. Династијата Чола ја освоила јужна Индија во 11 век. Во раниот средновековен период, индиската математика, вклучувајќи ги и хинду цифрите, влијаела на развојот на математиката и астрономијата во арапскиот свет, вклучувајќи го и создавањето на хинду-арапскиот нумерички систем.Essays on Ancient India by Raj Kumar p. 199
Исламските освојувања направиле ограничени упади во современиот Авганистан и Синд уште во 8 век,Al Baldiah wal nahaiyah vol: 7 p. 141 "Conquest of Makran" проследено со инвазиите на Махмуд Газни. Султанатот на Делхи бил основан во 1206 година од страна на централноазиските Турци кои биле индизирани.. Тие владееле со голем дел од северниот Индиски Потконтинент на почетокот на 14 век. Бил управуван од повеќе турски, авганистански и индиски династии, вклучително и турко-монголската индизирана династија Туглак , но опаднала кон крајот на 14 век по инвазиите на Тимур по кое биле создадени Малва, Гуџарат и Бахмани, султанати од кои последниот се поделил во 1518 година на пет султанати. Богатиот Бенгалски Султанат, исто така, се појавил како голема сила, кој траел повеќе од три века. Во овој период, се појавиле повеќе силни хинду кралства, особено империјата Виџајанагарското Царство и државите Раџпут, кои одиграле значајна улога во обликувањето на културниот и политичкиот пејзаж на Индија.
Раниот современ период започнал во 16 век, кога Могулското Царство го освоил поголемиот дел од Индискиот Потконтинент, сигнализирајќи ја прото-индустријализацијата, станувајќи најголема глобална економија и производствена сила. Могулите претрпеале постепено опаѓање на почетокот на 18 век, главно поради зголемената моќ на Маратите, кои ја презеле контролата над обемните региони на Индискиот Потконтинент. Источноиндиската компанија, дејствувајќи како суверена сила во име на британската влада, постепено стекнала контрола врз огромни области на Индија помеѓу средината на 18 и средината на 19 век. Политиките на владеење на компанијата во Индија довеле до Индиското востание од 1857 година. Потоа со Индија било директно управувана од британската круна, како Британска Индија. По Првата светска војна, националната борба за независност била започната од Индискиот национален конгрес, предводен од Махатма Ганди. Подоцна, Индиската муслиманска лига се залагала за посебна национална држава со мнозинско муслиманско население. Британска Индија била поделена во август 1947 година на Индија и Пакистан, при што секоја добила своја независност.
Праисториски период
Палеолит Се проценува дека експанзијата на хоминините од Африка стигнала до Индискиот Потконтинент пред приближно два милиони години, а можеби и пред 2,2 милиони години. Ова датирање се заснова на познатото присуство на хомо еректус во Индонезија пред 1,8 милиони години и во Источна Азија пред 1,36 милиони години, како и на откривањето на камени алатки во Риват во Пакистан. Иако се тврди за некои постари откритија, предложените датуми, врз основа на датирањето на флувијалните седименти, не се независно потврдени.
Најстарите фосили на хоминин во Индискиот Потконтинент се оние на Хомо еректус или Хомо хејделбергенсис, од долината на Нармада во средна Индија, а датирани се приближно пред половина милион години. Постарите фосилни наоди се тврди, но се сметаат за неверодостојни. Прегледите на археолошките докази сугерираат дека окупацијата на Индискиот Потконтинент од страна на хоминините била спорадична до пред приближно 700.000 години и била географски распространета до приближно 250.000 години.
Според историскиот демограф од Јужна Азија, Тим Дајсон:Современите човечки суштества - „Хомо сапиенс“ - потекнуваат од Африка. Потоа, наизменично, некаде помеѓу 60.000 и 80.000 години, мали групи од нив почнале да навлегуваат северозападно од индискиот потконтинент. Се смета веројатно дека првично се населиле по брегот. Практично е сигурно дека постоеле „Хомо сапиенс“ на потконтинентот пред 55.000 години, иако најраните фосили кои се пронајдени од нив датираат само околу 30.000 години пред денес..
Според Мајкл Д. Петраља и Бриџит Алчин: Податоците од Y-хромозомот и Mt-DNA ја поддржуваат колонизацијата на Јужна Азија од современите луѓе со потекло од Африка. ...Датумите на спојување за повеќето неевропски популации се просечно помеѓу 73-55 ка.
Историчарот од Јужна Азија, Мајкл Х. Фишер вели: Научниците проценуваат дека првото успешно ширење на опсегот на хомо сапиенсот надвор од Африка и низ Арапскиот Полуостров се случило од пред 80.000 години до пред 40.000 години, иако можеби имало претходни неуспешни емиграции. Некои од нивните потомци го прошириле човечкиот опсег сè подалеку во секоја генерација, ширејќи се во секоја земја погодна за живеење на која наишле. Еден човечки канал бил долж топлите и продуктивни крајбрежни земји на Персискиот Залив и северниот дел на Индискиот Океан. На крајот, различни видови влегле во Индија помеѓу 75.000 години и пред 35.000 години.
Археолошките докази сугерираат присуство на анатомски современи луѓе во Индискиот Потконтинент пред 78.000-74.000 години, иако ова толкување е спорно. Окупацијата на Јужна Азија од современите луѓе, првично во различни форми на изолација како ловци-собирачи, ја претворило во многу разновидна, втора само по Африка по човечка генетска разновидност.
Според Тим Дајсон: Генетските истражувања придонесоа за познавање на праисторијата на луѓето на потконтинентот во други аспекти. Особено, нивото на генетска разновидност во регионот е исклучително високо. Така, само населението на Африка е генетски поразновидно. Поврзано со ова, постојат силни докази за „основачки“ настани во потконтинентот. Под ова се подразбираат околностите каде што подгрупата - како што е племето - произлегува од мал број „оригинални“ поединци. Понатаму, во споредба со повеќето светски региони, луѓето на потконтинентот се релативно различни во практикувањето на релативно високи нивоа на ендогамија.
Неолит
Населениот живот се појавил на потконтинентот во западните рабови на наносот на реката Инд пред приближно 9.000 години, постепено развивајќи се во цивилизацијата по долината на Инд од третиот милениум п.н.е. Според Тим Дајсон: „Пред 7.000 години земјоделството било цврсто воспоставено во Балџчистан... [и] полека се ширило кон исток во долината на Инд“. Мајкл Фишер додава: Најраниот откриен пример ... на добро воспоставено, населено земјоделско општество е во Мергар во ридовите помеѓу преминот Болан и рамнината Инд (денес во Пакистан) (види Карта 3.1). Уште од 7000 година п.н.е., тамошните заедници почнале да инвестираат зголемена работна сила во подготовката на земјиштето и изборот, садењето, негувањето и бербата на одредени растенија за производство на жито. Тие, исто така, припитомиле животни, вклучително и овци, кози, свињи и волови (и двете со грбави зебу [„Бос индикус“] и без грбови [„Бос таурус“]). Кастрирањето волови, на пример, ги претворило од главно месни извори во припитомени влечни животни..
Бронзено време
Бронзената доба на Индискиот Потконтинент започнала околу 3300 п.н.е. со раната цивилизација по долината на Инд. Таа најпрво била центрирана на реката Инд и нејзините притоки, а подоцна се проширила и во долината на реката Гагар-Хакра, Ганг-Јамуна Доаб, Гуџарат и југоисточен Авганистан.
Цивилизацијата главно била сместена на теириториите на денешна Индија (провинциите Гуџарат, Харајана, Пенџаб и Раџастан) и на денешен Пакистан (провинциите Синд, Пенџаб, и Балуџистан). Историски гледано на античка Индија, таа претставува една од најстарите урбани цивилизации во светот, заедно со Месопотамија и Стар Египет и на својот врв, можеби имало население од над пет милиони. Античките жители на долината на реката Инд, Харпанците, развиле нови техники во металургијата и занаетчиството (производи од карнеол, резбани печати) и произведувале бакар, бронза, олово и калај.Kenoyer, J. M., Miller, H. M.-L. "Metal technologies of the Indus Valley tradition in Pakistan and western India." The Archaeometallurgy of the Asian Old World, MASCA research papers in science and archaeology. 1999, Vol 16, pp 107-151; ref : 7 p.1/4. ISSN 1048-5325 Цивилизацијата развила и Индско писмо, најраното од древните индиски писма, кое во моментов е недешифрираноEarly India: A Concise History, D.N. Jha, 2004, p. 31. Ова е причината зошто Харапанскиот јазик не е директно потврден, а неговата припадност е неизвесна.