Матија Гаваци (; р. ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа . Во април 2010, Гаваци бил суспендиран од Меѓународниот велосипедистички сојуз откако се покажал позитивен на тестирање за кокаин. Неговото враќање било на Тур де Сан Луис во 2013. Се истакнува како спринтер.

Кариера

Таткото на Матија Гаваци, Пјерино Гаваци бил исто така професионален возач.

Освоил етапа на Џиробио 2004, издание на Џиро д’Италија наменето за млади аматерски возачи. Станал професионалец во 2006 за екипата ЛПР, но се приклучил кон екипата Аморе е Вита на средина на сезоната. По неговите добри резултати потпишал за Кио Ене следната година. Со нив постигнал шест победи во 2007, вклучувајќи три на Тур де Норманди, покажувајќи го својот талент како спринтер.

Во 2008 останал со истата екипа, кој сега била позната како Прети Мангми. Во февруари го освоил второто место на етапа на Тур де ла Гросето, зад Данило Наполитано и пред Филипо Поцато. Следниот месец повторно бил втор на Копи е Бартали, каде бил победен од Франческо Кики. Во април освоил етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда, а во мај Џиро ди Тоскана, победувајќи го Кики.

Во 2009 потпишал за Сераменти ПВЦ Диквиџовани-Андрони Џокатоли. Освоил етапа на Тур де Сан Луис и доминирал на Тур де Лагкави, освојувајќи четири етапи и бодовниот пласман.

Во 2010 се префрлил во Колнаго-ЦСФ Инокс и ја забележал првата победа во годината на етапа на Сетимана Сиклиста Ломбарда во почетокот на април. Меѓутоа, примерокот на урина земен два дена претходно бил позитивен на присуство на кокаин и поради тоа добил суспензија. Претходно во 2004 како аматер веќе добил 14-месечна суспензија поради позитивен тест на кокаин.

Гаваци се вратил на Тур де Сан Луис 2013, каде победил на последната етапа кога го победил Словакот Петер Саган (). Во април победил на Џиро ди Тоскана, ридеста трка каде ги победил Иван Ровни и Тејлор Фини во спринт. На крајот на сезоната 2013, Гаваци го раскинал договорот со . Менаџерот на Андрони Џани Савио тврдел дека раскинувањето на договорот со Гаваци бил поради неговото барање за загарантирано место на Џиро д’Италија 2014. Гаваци потпишал со екипата за сезоната 2014.

Достигнувања

2004 1. Етапа 10 Џиробио 2007 Јадранска магистрала 1. Етапа 2 1. Етапа 3 2. Краен пласман Тур де Норманди 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 2 Тур де Навара 2008 1. Етапа 2 Сетимана Сиклиста Ломбарда 1. Џиро ди Тоскана 1. Етапа 5 Сиркуит де Лорена 1. Етапа 5 Трка Бриксија 2009 1. Етапа 1 Тур де Сан Луис Тур де Лангкави 1. Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 6 1. Етапа 3 Сетимана Сиклиста Ломбарда Трка Бриксија 1. Етапа 1а 1. Етапа 5 Вуелта а Венецуела 1. Етапа 3а 1. Етапа 3b 1. Етапа 4 2010 1. Етапа 2 Сетимана Сиклиста Ломбарда 2013 1. Џиро ди Тоскана 1. Етапа 7 Тур де Сан Луис 1. Етапа 3b Сибиу 1. Етапа 3 Вуелта а Венецуела 2. Класик Шатору 2014 Трка околу езерото Ќингхај 1. Етапа 11 1. Етапа 13 1. Етапа 2 Трка околу Кина I 3. Бања Лука-Белград I

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански велосипедисти