Гнездо или седело — живелиште за животни кое служи за несење јајца, нивно квачење, ведење подмладок и негово одгледување. Вообичаено е направено од органски материјали како: гранчиња, листови, кал, трева и сл., но може да биде и едноставна дупка во земјата, во дрвјата, карпите или на згради. Материјалите изработени од човекот, како што се: пластика, хартија, платно, коса, може да се искористат за правење гнездо. Секој вид има сопствен стил на градење гнездо. Може да се сретнат во различни живеалишта. Примарно, гнезда градат птиците, но може да бидат изградени и од други животни: цицачи (на пр. верверици), риби, инсекти (оси, термити, пчели), влекачи (змии, желки) итн. Поривот за создавање и градење гнездо произлегува од инстинктот за размножување кај животните.
Птичји гнезда
Повеќето видови птици градат разни видови гнезда, но има и такви кои ги снесуваат јајцата незаштитено, директно на земја. Видовите гнезда варираат од многу едноставни, речиси воопшто необложени дупки во земјата, до совршено изградени сложени конструкции. Некои птици градат гнезда на дрвја, други на гребени и карпи, трети на вода, итн. Може да ги содржат некои или сите елементи: структурен слој, сврзувачки материјали, надворешна декорација и постава.
Сателитски гнезда Покрај основното гнездо, некои организми градат и сателитски гнезда. Тие можат да бидат сместени на променливи растојанија. Овие гнезда се користат како обезбедување од грабливците и паразитите. Ако основното гнездо е нападнато, ќе има некои членови на гнездото коишто може да преживеат во сателитското гнездо.
Гнездото како тема во уметноста и во популарната култура „Гнездо“ — песна на српскиот поет Јован Дучиќ.Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 22-23. „Гнездо“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 101. „Гнездото на сколовранецот крај мојот прозорец“ (англиски: The Stare's Nest by my Window) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 123. „Гнездо“ — краток расказ на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 17-18. „Гнездо во брановите“ — песна на македонскиот поет Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 143-144.
Наводи
Литература Hansell, Bird nests and construction behaviour, CUP 2005, ISBN 0-521-01764-5
Надворешни врски Гнезда — Еаrthlifе
Категорија:Зоологија