Ивица Коневски ( во Скопје) — македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Аеродром.
Животопис Коневски е роден на 14 декември 1978 година во Скопје. По професија е дипломиран правник, а со високо образование се стекнал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Негово прво искуство во политиката било советничкото место во Советот на Град Скопје, во периодот 2005-2006. Потоа бил назначен за генерален директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија (ЈПССДП). Освен тоа, бил и претседател на Одборот на директори на Градскиот Трговски Центар - Скопје. Додека бил директор на ЈПССДП покренал иницијатива за обнова на стадионот Филип II и изградба на северната трибина, а бил одговорен и за проектот изградба на нови станови за млади брачни парови.
На локалните избори 2009 Коневски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја освоил градоначалничката функција уште во првиот изборен круг, победувајќи го опозицискиот кандидат Тихомир Илиевски. На следните локални избори во 2013 тој славел победа над Диме Велковски од СДСМ со освоени 63% од вкупните гласачки ливчиња.
Според една спроведена анкета во 2012 од страна на порталот „Скопје Инфо“, Ивица Коневски бил прогласен за „најуспешен скопски градоначалник“. Како негови поважни проекти се споменуваат изградбата на паркови во населбите Ново Лисиче и Аеродром, реновирање на основните и средни училишта во општината, како и ставањето на КК МЗТ Скопје под општинска капа.
Наводи
Надворешни врски Биографија на страницата на Општина Аеродром Порталот за активностите на градоначалникот Неговиот Фејсбук профил Интервју на Коневски за Курир
Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Градоначалници на Општина Аеродром