Блатниот свиркач или плоскоклуна пескарка () — мала крајбрежна птица. Се среќава и во Македонија.

Опис Блатниот свиркач е мала птица, сосема малку помала од обичниот свиркач, но со подолг и поправ клун и покуси нозе. Возрасните птици во сезоната на парење имаат украсен грб со темносиви пердуви и бели долни делови со црнкасти белези на градите. Има светла круна и линија кај окото. Во зима, тие се светлосиви одозгора и бели одоздола. Распространетост и поведение Блатниот свиркач е типична птица преселница, поминувајќи го периодот на неразмножување во областа од источна Африка, преку јужна и југоисточна Азија до Австралија. Формира големи јата и со други птици, особено со обичниот свиркач. Оваа птица се размножува во влажните мочуришта на арктичка северна Европа и Сибир. Кога се додворува мажјакот изведува разни летови. Гнездото го сместуваат на земја и несат 4 јајца. Се хранат пасејќи во меката кал на брегот претежно со инсекти и безрбетници. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни птици се однесува и на блатниот свиркач.

Наводи

Thomas, Gavin H.; Wills, Matthew A. & Székely, Tamás (2004): A supertree approach to shorebird phylogeny. BMC Evol. Biol. 4: 28. PMID 15329156 PDF fulltext Supplementary Material

Надворешни врски Oiseaux Photos

Категорија:Пескарки Категорија:Птици на Македонија