Архитектурата на Италија, позната како италијанска архитектура, се однесува на сите форми на оваа уметност во Италија. Италија има многу широк и различен архитектонски стил, кој едноставно не може да се класифицира по периоди и по региони, заради поделбата на Италија на неколку градови-држави до1861 година. Италија е позната по нејзините значајни достигнувања во архитектурата, како што е изградбата на аркади, куполи и слични структури во времето на Стариот Рим и основањето на архитектонската ренесанса при крајот на 14 до 16 век. Италија била татковина на Паладианизам, стил на градба којшто инспирирал движења како движењето на неокласична архитектура и имал влијание при градењето на благородничките вонградски куќи низ цел свет, особено во Велика Британија, Австралија и САД при крајот на 17 век до почетокот на 20 век. Неколку од најдобрите дела во западната архитектура, како Колосеум, Дуомо во Млано, катедралата во Фиренца и градбите на зградите во Венеција се наоѓаат во Италија. Во Италија има вкупно 100.000 споменици од сите сорти (музеи, палати, згради, скулптури, цркви, уметнички галерии, вили, фонтани, историски куќи и археолошки урнатини). Италијанската архитектура исто така имала значително влијание врз светската архитектура. Британскиот архитект Иниго Џонс, инспириран од градбите на италијанските згради и градови и од Андреја Паладио, ги донел идеите на италијанската ренесансна архитектура во Англија во 17 век. Исто така, италијанската архитектура која е популарна и во странство од 19 век, се користела да ја опише странската архитектура којашто се градела во италијански стил, особено по моделот на ренесансната архитектура. Стара Грција и Етрурците алт=|мини|Грчки археолошки остатоци во Агриџенто, Сицилија Заедно со предисториската архитектура, помеѓу првите народи во Италија кои правилно започнале со тек на изградби биле Грците и Етрурците. Во северна и централна Италија Етрурците биле оние кои во тоа време го воделе правецот во архитектурата. Етрурските згради биле направени од тули и дрво, според тоа малку етрурски архитектонски места се доказ за ова во Италија, со исклучок на неколку во Волтера, Тоскана. Етрурците имале цврсто влијание врз римската архитектура, бидејќи и тие граделе храмови, фора, јавни улици и аквадукти. Тешките столбови и портали кои биле изградени од Етрурците и нивните градски порти исто така значајно влијаеле врз римската архитектура.
Во јужна Италија, од 8 век п.н.е., грчките населеници кои ја изградиле Магна Грација, ги граделе нивните градби во грчки стил. Грците граделе поголеми, подобри и потехнолошко напредни куќи од луѓето во железното и бронзеното доба и исто така имале влијание врз римската архитектура. Сепак до 4 век п.н.е. помал акцент се ставало на градење храмови, додека Грците поминувале повеќе време градејќи театри. Театрите биле полукружни и имале аудиториум и сцена. Порано тие биле градени само на падини, спротивно од Римјаните кои вештачки ги граделе седиштата за публиката. Грчките храмови имале обемни камени или мермерни столбови. Денес има неколку остатоци од грчката архитектура во Италија, особено во Калабрија, Апулија и Сицилија. Пример за ова се урнатините во Агриџенто, Сицилија кои во моментот се дел од Светско наследство на УНЕСКО.
Стар Рим мини|лево|Колосеум во Рим, Италија Архитектурата на Стариот Рим ја присвоила надворешната старогрчка архитектура околу 2 век п.н.е. за свои цели, што резултирало со создавање на нов архитектонски стил. Двата стилови често се сметаат како едно тело на класична архитектура. Овој пристап се смета дека е репродуктивен и некогаш го попречува разбирањето и можноста на стручњакот да процени римски градби по грчки стандарди, особено кога се потпира единствено на надворешниот изглед. Римјаните го апсорбирале грчкото влијание, што е очигледно во многу аспекти кои се блиско поврзани со архитектурата; на пример ова може да се забележи во претставувањето и користењето на Триклиниум во римски вили како место и начин на јадење. Римјаните исто така биле задолжени на нивните соседи и предоци Етрурци кои ги снабдувале со богатството на знаењето кое било од суштинско значење за идните архитектонски решенија, како што е хидраулика и во изградбата на порти.
Социјалните елементи во градовите како богатство и високата густина на населеност ги натерале античките Римјани да откријат нови (архитектонски) решенија за себе. Употребата на сводови и порти заедно со солидно познавање на градежни материјали, им овозможило да постигнат нов успех во изградбата на очевидни структури за јавна употреба. Такви се каналите на Рим, бањите на Диоклетијан и бањите на Каракала, базилики и можеби најважното од се Колосеум. Тие биле одново создадени во помал обем во најважните градови во Империјата. Некои опстанати градби се скоро целосни, како градските ѕидини на Луго во Хиспанија Тараконензис или северна Шпанија.
Ранохристијанска и византиска архитектура мини|десно|Богати мозаици во ентериерот на катедралата во Монреал, Сицилија Италија била значително погодена од ранохристијанската доба, посебно Рим како седиште на Папа. Византијците исто така дошле во Италија, кои во нивен стил изградиле неколку градби, палати и цркви.
Христијанскиот концепт за “базилика“ е измислен во Рим. Тие биле долги, правоаголни згради, кои изградени во речиси античко-римски стил, често богати со мозаици и декорации. Ранохристијанската уметност и архитектура исто така била значително инспирирана од онаа на римските пагани; нивните цркви биле украсени со статуи, мозаици и слики. Доцнохристијанските фрески може да се забележат во некоја од многуте катакомби во Рим.
Во Италија исто така присутна била и византиска архитектура. По Западното Римско Царство, Византијците владееле со светот во поглед на култура, уметност, музика, литература, мода, наука, технологија, бизнис и архитектура исто така. Византијците, кои во потесна смисла биле луѓе од Западното Римско Царство, ги задржиле римските принципи за архитектура и уметност, давајќи им поисточен пресврт, и биле познати по своите незначително истакнати куполи, и богатата употреба на позлатени мозаици и икони отколку статуи. Бидејќи Византијците останале некое време во Сицилија, нивното влијание во архитектурата може да се забележи денес, на пример во катедралата Кефалу во Палермо или во Монреал со нејзините богато украсени цркви. Базиликата Свети Марко во Венеција исто така е пример за византиска архитектура во Италија.
Романска архитектура мини|лево|Дуомо во Пиза на Пјаца деи Мираколи Романското движење било помеѓу византискиот и готскиот период и траело од 800 г.н.е. до 1100 г.н.е. Овој период бил еден од најплодните и најкреативните во италијанската архитектура, со неколку ремек дела како Кривата кула во Пиза на Пјаца деи Мираколи и базиликата на Св. Амброџио во Милано. Наречена е “романска“ заради употребата на романски порти, витраж прозорци а исто така и заоблените столбови кои обично се истакнувале во конаците.
Романската архитектура во Италија доста варирала, како во стил така и во конструкција. Најуметничка област веројатно била Тоскана, особено фиренциската и пизанската романска архитектура. Сицилија, која била под влијание на нормански доселеници, исто така била значајна.
Во Италија за време на романската архитектура се прекинла градбата на дрвени покриви во црквите. Тежината на градбата имала тенденција да попушта однадвор и затоа се ставало потпирачи за да ја придржуваат. Ѕидовите на црквите во романски стил биле гломазни и тешки, сепак ова значело дека романскиот црковен интериер во Италија бил далеку попрост и поблаг од оној на ранохристијанскиот и византиски период. Тие се состоеле само од мермер и камен и имале мала декорација, за разлика од богатите мозаици во италијанско-византиските архитектонски дела.
Главна иновација од романската архитектура е сводот којшто претходно не постоел во историјата на западната архитектура.
Готска архитектура мини|десно|Покривот на готската Миланска катедрала Готска архитектура се појавила во Италија во 12 век. Италијанската готика отсекогаш задржувала посебна одлика со којашто се разликувала во еволуцијата од онаа во Франција, а исто така и во други европски земји. Всушност, архитектонските ерудитивни решенија и технички иновации на француските готски катедрали никогаш не се направиле: италијанските архитекти претпочитале да продолжат со традиционална изградба основана во претходните земји.
Готската архитектура била донесена во Италија како што била и во сите други европски земји. Редот на Бенедиктин Цистерциан е главниот носител на овој нов архитектонски стил со нивните нови градби. Се раширил од Бургундија (денес источна Франција), нивна првобитна област, преку останатиот дел на Западна Европа.
Веројатна временска рамка од готската архитектура во Италија може да се состои од: Почетен развој на цархитектура „рана готска“ фаза (1228-1290) „зрела готска„ фаза (1290-1385) доцна готска фаза од 1385 година до 16 век, со довршувањето на големите готски градби кои претходно биле започнати, како Миланска катедрала и Базилика Сан-Петронио во Болоња.
Ренесанса и маниристичка архитектура мини|лево|Храм Сан Пјетро во Монторио,Рим од Браманте Во 15 век Италија, а посебно градот Фиренца е роден крај на ренесансата. Почетоците на новиот архитектонски стил се во Фиренца, тој не еволуирал бавно како што готското произлегло од романското, туку таа била свесно донесена од посебни архитекти кои се обиделе да го обноват редот на минатата „Златно доба“. Научниот пристап на античката архитектура се совпаднало со општото оживување на учењето. Голем број фактори влијаеле за нејзиното остварување. Италијанските архитекти отсекогаш претпочитале форми кои се јасно дефинирани и конструктивни елементи кои ја истакнувале нивната намена. Овие одлики се прикажани на повеќе тосканско-романски градби, како што се Баптисериумот во Фиренца и катедралата во Пиза.
Италија никогаш целосно не го прифатила готскиот архитектонски стил. Покрај Миланска катедрала, во голема мера работа на германски градежници, на неколку италијански цркви е даден приоритет на вертикалното, накитен орнамент и сложен ребрест свод, што ја карактеризираат готика во другите делови на Европа.
Присуството на антички архитектонски остатоци, посебно во Рим, кои претставуваат одреден класичен стил послужило како инспирација на уметниците во времето кога филозофијата исто така се насочувала кон класицизмот.
мини|десно|Ренесансна црква Сан Бјаџо во Монтепулчијано Катедрала Дуомо во Фиренца Катедралата во Фиренца, изградена од Арнолфо ди Камбио, останала недовршена до крајот на 14 век. Имало огромна дупка на центарот каде што требало да стои куполата. Филипо Брунелески победил во натпреварот за градење на куполата, којшто ја изградил најголемата купола од римско време. Тој повикал тимови работници од осум делови на градот со што остроумно го возбудил цел град.
Базилика Сан Лоренцо Оваа црква во Фиренца е изградена од Брунелески кој ги користел сите работи кои ги научил следејќи ја архитектурата на Стариот Рим. Црквата има порти, столбови и заоблени прозорци во римски стил и изгледа потполно различна од зашилено-заоблените цркви од готскиот период. Само ентериерот бил завршен додека екстериерот сè уште бил со груби тули и никој не знае како Брунелески замислувал да изгледа. Сепак, тој ги научил сите на нови архитектонски правила.
Базилика Свети Андреја Кога царевите на Стариот Рим се вратиле од битка, тие изградиле триумфална порта како нивен споменик. Во Рим и во други делови на Италија има неколку такви споменици и главната градба опфаќа голема порта на центарот и помала пониска порта или влез на двете страни. Архитектот Леон Батиста Алберти го користел ова како модел за предниот дел на црквата Свети Андреја во Мантова. Тој го користел истиот стил на високо и засводено, ниско и правоаголно, сè до внатрешноста на црквата. Ова било копирано од многу други архитекти. Исто така базиликата Свети Андреја била прва градба која имала столбови кои опкружуваат два реда, наречени џиновски ред.