Свети Мина — македонска православна главна и гробјанска црква во скопското село Јаболци

Црквата е сместена на крајот на селото и надвиснува над него. Заедно со црковниот двор зафаќа поголема површина на која се распослани и селските православни гробишта, а од самиот двор се пружа поглед на самото село, но и на целата околина.

Историја

Била изградена во 1938 година, но по масовното селење на населението, била оставена на забот на времето. Објектот на старата црква сè уште се наоѓа во рамките на црковниот двор. Во 1990 година почнала нејзината изградба како посебен објект, за по 19 години во 2009 година да биде осветена и ставена во функција.

Галерија

Поврзано Скопска епархија Јужноскопско архијерејско намесништво Јаболци

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јаболци Јаболци Категорија:Македонската архитектура во 2009 година