Цуцулестата кукавица () е член на семејството кукавици од редот на кукавицовидните. Се среќава и во Македонија. Распространетост Цуцулестата кукавица е распространета низ југоисточна и југозападна Европа и западна Азија. Таа е птица преселничка која зимува во Африка.

Опис

Овој вид кукавица е само малку поголема од обичната кукавица, со должина од 35 до 39 см, но изгледа многу поголема заради широките крилја и долгата и тенка опашка. Возрасната единка е сива одозгора, со вито тело, долга опашка и силни нозе. Има сива капа и цуцулка, сиви крилја, жолтеникаво лице и гради, а одоздола е бела. Половите се слични. Младенчињата имаат темносиви горни делови и капа и кафени примарни пердуви на крилјата. При лет наликуваат на враните. Размножување Цуцулестата кукавица, како и другите кукавици е одгледувачки паразит, односно ги несе своите јајца во туѓи гнезда, особено во гнездата на враните, а најмногу на страчките. За разлика од обичната кукавица, ниту женката, ниту испилените малечки, не ги буткаат јајцата на домаќинот од гнездото. Но, малите страчиња често умираат зашто не можат да се натпреваруваат со кукавицата за храна. Живеалиште и исхрана Цуцулестата кукавица е птица на топлите отворени предели со дрвја. Се храни со инсекти, пајаци, мали влекачи и влакнести гасеници кои им се невкусни на другите птици, а за нив се специјалитет. Се огласуваат со гласни варијации на гракање како чер-чер-кри-кри, повторно имитирајќи ги страчките.

Наводи

Надворешни врски Oiseaux Photographs, text, map ADW: Clamator glandarius: Information Ageing and sexing (PDF; 1.7 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze IBC Nine videos.

Категорија:Кукавици Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј