Собирање податоци Случка Во описна статистика се собираат податоци од „случка“. Запис Случка се нарекува запис ако податоците се собрани од постојани записи од некој минат настан. Анкета Анкета е случка каде што се собираат податоци директно од популацијата. Обележјето може да биде „мислења“. Податоците собрани во анкета можат да се сметат како од цела популација (описна статистика) или како од примерок од популацијата (дедуктивна статистика). Експеримент Експеримент е случка чии податоците се исходи од повторувања на еден ист опит. (Опит е „поединечен експеримент“ кој може да се повторува под истите услови безброј пати во реално време.)

Пример 1: Даден е извештајот: Уплата на студенти од 5-ти семестар, септември 2009 (види Табела 1). Да се направи табела со податоци со исплатените суми и да се одреди типот на случката, обележјето, множеството на можни и актуелни исходи, пример податок и големината на податоците.

Уплата на студенти од 5-ти семестар, септември 2009 ред.бр. Име и презиме Сума   ред.бр. Име и презиме Сума 1 Трајко Петковски 6154   8 Бошко Белески 15385 2 Петко Благоевски 7385   9 Љубиша Манев 6154 3 Благој Томовски 6154   10 Тодор Бендески 6154 4 Ненад Арсовски 15385   11 Никола Димитров 6154 5 Арсен Делоски 6154   12 Диме Стојановски 15385 6 Зоран Илиевски 6154   13 Симо Радевски 18463 7 Томе Момировски 6154   14 Момир Трајковски 6154 Табела 1 : Извештај во архива Решение: Од овој извештај ги вадиме податоците кои ни требат (види Табела 2 ). Уплатени суми 6154 7385 6154 15385 6154 6154 6154 15385 6154 6154 6154 15385 18463 6154 Табела 2 : Податоците од запис со уплатени сумиОва е запис и имаме: Обележје: износ на уплатата во денари

Можни исходи во општо: A≥0

Можни исходи во податоците: {6154, 7385, 15385, 18463}

Пример податок: (6154)

Големина на податоците:  N=14

Пример 2: Добиена вредност при фрлање на коцка 100 пати, т.е. една коцка се фрла 100 пати и исходите се запишани во табела (види Табела 3). Да се одреди типот на случката, обележјето, множеството на можни и реални исходи и големината на податоците.

Исходи од фрлање на коцка 100 пати 2 4 4 1 2 4 6 5 6 5 2 4 5 2 4 3 3 3 2 1 5 3 5 5 2 6 5 2 4 1 5 5 6 2 4 3 4 4 5 1 6 1 5 2 5 4 6 5 1 1 4 1 1 3 6 5 2 6 5 4 4 6 6 3 4 4 4 1 6 1 5 1 3 4 6 3 1 1 3 6 6 2 5 2 6 3 1 4 2 3 2 5 2 5 1 6 4 1 6 4 Табела 3 : Податоци од еден експеримент „фрлање коцка 100 пати“

Решение:

Ова е експеримент (опитот кој се повторува во експериментот е фрлање на коцка и пишување на вредноста на фрлената коцка) и имаме:

Обележје: Вредност на фрлена коцка

Можни исходи во општо: хє{1,2,3,4,5,6}

Можни исходи во податоците: хє{1,2,3,4,5,6}  (сите можни исходи се појавиле барем еднаш)

Пример исход:  (5)

Големина на податоците: N=100.

Пример 3: Во Табела 4 се дадени одговорите на писмено анкетно прашање  „Дали го сакате филмот Хобит?“ поставено на 30 луѓе. Да се одреди типот на случката, обележјето, множеството на можни и реални исходи и големината на податоците.

Анкета „Дали го сакaте филмот Хобит?“ Д Н НК НЗ Д НЗ Д Д Д Д Н Д НК НЗ НК Н НК НЗ НЗ НЗ Д Д Н Д Н Д НК НЗ НК ДТабела 4 : Податоци собрани од една анкета – со пополнување на ливчеРешение: Ова е анкета и имаме: Обележје: Одговор на анкетно прашање

Можни исходи: {Д=да, Н=не, НК=немам коментар, НЗ=не знам}

Пример податок:(НК)

Податоци:Табела со одговори (види Табела 4, Табела 5 или Табела 6)

Големина на податоците: N=30.

Да се потсетиме дека тука работиме само описна статистика, т.е. ги сметаме овие 30 луѓе за популација, т.е. не планираме да донесеме никакви заклучоци од оваа анкета врз мислењето на пошироката јавност.

Пример 4: Во Табела 5 се дадени одговорите на усно анкетно прашање „Дали го сакате филмот Хобит?“ поставено на 30 луѓе. Податоците да се резимираат во честотна табела, во релативна честотна табела и истите да се претставуваат со столбест дијаграм и секторски дијаграм.

<div style="margin-left:15px; margin-top:6px; margin-bottom:6px"> „Дали го сакате филмот Хобит?“ Да Податотека:tally5.png Податотека:tally5.png Податотека:tally2.png 12 Не Податотека:tally5.png 5 Не знам Податотека:tally5.png Податотека:tally2.png 7 Немам коментар Податотека:tally5.png Податотека:tally1.png 6     Σ=30Табела 5 : Податоци собрани од усна анкета<p>Забележете дека додадовме уште еден ред за да провериме дека сумата Σ на испитаните е во ред. Ние секогаш ќе го практикуваме ова (особено кога користиме технологија)! Подолу во наредните глави, детално ќе објасниме што е честотна и релативна честотна табела. Меѓутоа, видете дали можете да го разбирате ова готово решение.

Проценти: Да се потсетите дека знакот „%“ е скратеница за 1/100, т.е. така да 100%= 100∙=1.

Решение:

<div style="margin-left:15px; margin-top:6px; margin-bottom:6px"> „Дали го сакате филмот Хобит?“ Да 12 Не 5 Не знам 7 Немам коментар 6   Σf=30=N<p align="center">Табела 6: Честотна табела <p align="center">„Дали го сакате филмот Хобит?“ Да 12/30∙100%=40% Не 5/30∙100%=17% Не знам 7/30∙100%=23% Немам коментар 6/30∙100%=20%   Σ=100% <p align="center">Табела 7 : Релативна честотна табела <p> За столбест дијаграм на честотна табела каде што класите се самите можни исходи истите се пишат по хоризонталната оска, а честотите по вертикалната оска (види подолу лево). За секторски дијаграм се цртаат сектори на кругот со соодветниот процент (види подолу десно).

Литература Descriptive Statistics on Wikipedia

Други референции A. Описна статистика В. Описна статистика - Организирање податоци Г. Описна статистика - Сурови и групирани податоци Д. Описна статистика - Типови податоци

Категорија:Математика Категорија:Статистика