Соколи () — семејство на грабливи птици од редот на соколовидните (Falconiformes) со околу 60 видови. Поделена е на две потсемејства: каракари (Polyborinae, вкл. каракари и шумски соколи) и соколи (Falconinae, вкл. соколи, ветрушки и соколчиња). Се разликуваат од другите соколовидни птици по тоа што пленот го убиваат со клунот наместо со канџите. За таа намена имаат забец од страната на клунот.
Опис Соколите се средно големи грабливи птици, и доста се разликуваат: од црноногото соколче со 35 гр, па сè до арктичкиот сокол (Falco rusticolus), кој тежи 1,7 кг. Имаат искривени клунови, свиени канџи и одличен вид. Перјето обично се состои од мешавина од кафеаво, бело, костенливо, црно и сиво, со пруги или шари. Разликата во обоеноста помеѓу половите е мала, макар што некои видови се одликуваат со извесен полов диморфизам во впечатливоста на боите. Возрасните соколи имаат тенки, конусни крила, кои им овозможуваат да летаат со голема брзина и да го променат правецот брзо. Младите соколи, во првата година кога учат да летаат, имаат подолги пердуви, кои ја прават нивната конфигурација повеќе како обична птица, како Buteo platypterus. Ова го прави летањето полесно додека ги учат посебните вештини за да бидат ефективни ловци како возрасни.
Распространетост и живеалиште Семејството има космополитска распространетост ширум светот, со најгустите шуми во централна Африка, некои зафрлени острови во Океанија и во подрачјата блиски до половите. Некои видови имаат мошне широка застапеност, особено сивиот сокол, кој живее од Гренланд до Фиџи, што претставува најширока застапеност од сите птици. Другите видови се поограничени во распространетоста, особено островските ендеми како маврициската ветрушка. Присутни се во сите видови на живеалишта — од тундри до дождовни шуми и пустини, со тоа што претпочитаат поотворени предели (дури и шумските видови живеат во проретчени шуми или на краевите од шумите). Извесни видови, претежно од родот вистински сколи (Falco) се наполно преселнички. Некои од нив го поминуваат летото во Евроазија, а презимуваат целосно во Африка, додека пак други се само делумни преселници. Амурскиот сокол има најдолга перселба, преминувајќи од источна Азија во јужна Африка.
Во Македонија Соколите во Македонија се застапени со девет вида родот на вистински соколи (Falco), кој народно е поделен на соколи и ветрушки. Присутни се следниве видови: белонокта ветрушка (Falco naumanni), ветрушка (Falco tinnunculus), модра ветрушка (Falco vespertinus), средоземен сокол (Falco eleonorae), мал сокол (Falco columbarius), сокол ластовичар (Falco subbuteo), планински сокол (Falco biarmicus), степски сокол или ловџиски сокол (Falco cherrug) и сив сокол (Falco peregrinus).
Поведение Исхрана мини|Јужна каракара(Caracara plancus) Сите соколи се месојадни, и се хранат со птици, мали цицачи гуштери, инсекти и мрша. Иако во општата култура важат за брзи и жестоки грабливки, ова важи само за родот соколи и некои соколчиња, додека пак други видови се хранат на попасивен начин. Шумските соколи од неотропите општи ловци. Неколку вида, особено од вистинските соколи, оставаат залихи од храна во скришни места. Ловат сами, а територијата ја бранат во двојки. Јата образуваат само при преселба. Извесни видови се поспецијализирани, како соколот присмешик кој лови само змии, а други имаат разновидна исхрана.
Размножување thumb|Филипинско соколче(Microhierax erythrogenys) Птиците од семејството се парат поединечно, со исклучок на 10% од видовите, кои се колонијални (на пр. црвеноногиот сокол). Сите се моногамни. Кај некои каракари, помладите птици им помагаат на родителите во грижата за новите пилиња. Соколите не градат гнезда (со исклучок на каракарите), туку користат гнезда на други птици кога тие немаат пилиња. На пример, џуџестите соколи се гнезди во гнездата на ткајачките (Ploceidae), или пак во дупки на карпи. Женката снесува 2-4 јајца и претежно самата ги квачи. Времето до испулување се разликува од вид до вид и зависи од големината: на помалите видови им треба 28, а на поголемите до 35. Пилињата почнуваат да летаат по 28–49 дена, исто така зависно од големината.
Соколите во културата thumb|Сивиот Сокол (falco peregrinus ) најбрзото суштество на планетата Поради нивните одлики, соколите отсекогаш имале особено значење за луѓето. Во егиептската митологија се сметале за отелотворенија на Хор, бог на небото и сонцето и предок на фараоните. Каракарата е присутна во легендите на Ацтеките, и денес се национален симбол на Мексико. Денес најголемиот контакт помеѓу луѓето и соколите се случува во ловно-рекреативниот спорт соколарство.
Во македонското народно творештво соколите се сметаат за возвишени и смели, за што сведочи песната „Море сокол пие“, каде соколот е опишан како „јуначко пиле“.„Море сокол пие“ - Викиизвор Нивната агилност и точност во забележувањето на пленот е поим за острина и агилност на видот, поради што се вели дека некој има „око соколово“. Во минатото овие птици играле важна улога како симболи на античките кралеви, благородништвото и подоцна, на црквата.Птиците грабливки во културното наследство на Република Македонија - „Јарак“ Во верската традиција, заштитник на соколарите е Свети Трифун, кој честопати е прикажан со сокол на раката.
Родови thumb|Степскиот Сокол (Falco cherrug) е еден од најкористените видови на соколи во соколарството семејство: соколи (Falconidae) род црна каракара (Daptrius) — 1 вид род црвеногушеста каракара (Ibycter) — 1 вид (понекогаш вклучен во Daptrius) род планински каракари (Phalcoboenus) — 4 вида род каракари или цуцулести каракари (Caracara) — 2 вида и 1 изумрен род кафеави каракари (Milvago) — 2 вида род сокол присмешник (Herpetotheres) — 1 вид род шумски соколи (Micrastur) — 7 вида род дамчестокрило соколче (Spiziapteryx) — 1 вид род џуџести соколи (Polihierax) — 2 вида, го опфаќа и Neohierax род соколчиња (Microhierax) — 5 вида род соколи (Falco) — околу 37 вида (опфаќа вистински соколи, ластовичари и ветрушки)
Фосилни родови Parvulivenator (ран еоцен, Англија) Stintonornis (ран еоцен, Англија) Badiostes (ран миоцен, Патагонија, Аргентина) Falconidae gen. et sp. indet. (ран миоцен, Чубут, Аргентина) Falconidae gen. et sp. indet. (ран/среден миоцен, Аргентина) Pediohierax (среден миоцен, Небраска, САД); порано: Falco ramenta Falconidae gen. et sp. indet. (доцен миоцен, Неукен, Аргентина)Може да припаѓа на денешен род (Kramarz et al. 2005). "Sushkinia" pliocaena (ран плиоцен, Павлодар, Казахстан) — во Falco?
Соколот како тема во уметноста и во популарната култура „Море сокол пие“ - македонска народна песна.Vlatko Stefanovski & Miroslav Tadic featuring Theodosii Spasov, Treta Majka. Avalon, 029, 2004. „Сокол ми лета високо“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 52. „Извишил се сиви сокол над Босна“ - македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 7. „Болен јунак и сокол“ — македонска народна песна.Народна поезија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1964, стр. 41. „Соколот и орелот“ (српски: Соко и орао) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 109. „Соколот и девојката“ (српски: Соко и девојка) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 56. „Очите соколови и ѓаволски“ (српски: Очи соколове и ђаволове) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 43-44. „Сокол“ — песна на словенечкиот поет Отон Жупанчич.Отон Жупанчич, „Цицибан“ (второ издание), „Кочо Рацин“, Скопје, 1959, стр. 14. „Сокол“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 38. „Крагуј“ - расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 305-309. „Соколовата трага“ - роман на американскиот писател Синклер Луис од 1915 година.Voja Čolanović, „Sinkler Luis“, во: Sinkler Luis, Čovek koji je poznavao Kulidža. Beograd: Rad, 1963, стр. 137. „Соколи и врапци“ (италијански: Uccelacci e uccellini) - филм на италијанскиот режисер Пјер Паоло Пазолини.Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 91.
Поврзано Соколарство
Надворешни врски
„Јарак“ — Здружение за заштита и одгледување на птици грабливки Видеоснимки, слики и звуци од соколи — „Семрежна збирка на птици“
Наводи
Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Грабливи птици