Бор () — род на дрва од семејството на боровите (Pinaceae) и единствениот род во потсемејството на боровите (Pinoideae). Постојат околу 115 вида на борови, со тоа што разни извори прифаќаат помеѓу 105 и 125 видови.

Моликата (латински: Pinus Peuce) припаѓа во групата на борови. Таа е застапена во деловите на: Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора и мал дел од Егејска Македонија. Моликата расте од 35 до 40 метри. Должината на шишарките на Моликата е од 8 до 16 cm, а некои растат и до 20 cm. Семињата се долги од 6 до 7 милиметри со крилца од 2 cm и се расејуваат со помош на ветер, но нив најчесто ги расејува птицата лешникарка.

Алепски бор (латински: Pinus halepensis) го има во деловите на Средоземјето кај Барселона, во Шпанија и го има во деловите на Блискиот Исток.

Култеров бор (латински: Pinus coulteri) го има во деловите на северна Калифорнија и просечно расте од 20 до 30 метри.

Распространетост

Боровите се автохтони во најголемиот дел од северната полутопка и се воведени насекаде во умерените и суптропските краишта во светот, каде се одгледуваат како дрвена граѓа и како украсни растенија во градини и паркови. Еден вид (суматранскиот бор) го преминува екваторот во Суматра на 2° ЈГШ. Во Северна Америка виреат од 66° до 12° СГШ.

Опис мини|Поленови зрна од бор под микроскоп. Боровите се зимзелени, иглолисни смолести дрва (а ретко грмушки) со раст од 3–80 м, при што повеќето видови достигнуваат од 15–45 м во висина. Најмали се џуџестиот бор (P. pumila) и потошки пињон (P. culminicola), а највисок е жолт бор (P. ponderosa) од јужен Орегон.

Кората кај повеќето видови е дебела и лушпеста, но некои имаат тенка кора што се одвојува во парченца. Гранките се наизменични но густо распоредени, па затоа изгледаат како да се прстенесто расположени. Многу видови се „еднојазлени“ што значи дека даваат само еден ред гранки годишно од пупките на новите изданоци („леторасти“), но има и „повеќејазлени“, со два или повеќе реда во годината. Овој спирален раст на игличките, шишарките и гранките, всушност, е распореден според Фибоначиев сооднос. Изданоците се нарекуваат и „свеќи“ бидејќи стојат исправени и се прекриени со кафени или белузлави пупкини лушпички. Подоцна истите позеленуваат и се шират нанадвор. плодност. Овие свеќи на шумарите им служат како показател за плодноста на почвата и успехот на дрвата.

Боровите имаат долг животен век, достигнувајќи 100–1.000 години. Некои можат да достигнат голема старост, како што е долговечниот бор (Pinus longaeva). Едно дрво од овој вид, наречено „Метузалем“, е најстариот организам во светот, со возраст од 4.600 години и се наоѓа на Белите Планини во Калифорнија.

Зеленило мини|десно|Иглички, шишарки и семки на бел бор (Pinus sylvestris). Боровите имаат четири вида на листови: семени ливчиња (котиледони) на садници, во соплодие од 4–24. млади ливчиња — на садници и мали дрвца, долги 2–6 см, единечни, зелени и честопати синозелени по боја, наредени назименично (спирално) на леторастот. Излегуваат шест месеци до пет години, и ретко подолго. лушпести ливчиња — слични на пупкините, мали, кафени и нефотосинтетички, наизменично распоредени како млади ливчиња. иглички — зрели листови со фотосинтетичка улога, распоредени во снопчиња од 1–6, најчесто по 2–5, иглички што излегуваат од мала пупка. Игличките траат 1,5–40 години, зависно од видот.

Шишарки Речиси сите борови се двополови (со машки и женски шишарки на истото дрво), но има и неколку вида со претежно поделени родови. Машките шишарки се мали (1–5 см) и се јавуваат само во краток период (најчесто пролет, есен кај неколку вида) и паѓаат откако ќе го испуштат поленот. На женските шишарки им треба 1,5–3 години (зависно од видот) за да узреат по опрашувањето, со тоа што самото оплодување е одложено за една година. Зрелите женски шишарки се долги 3–60 см, со наизменични лушпи и по две семки во секоја плодна лушпичка. Лушпите на основата и врвот на шишарката се неплодни и немаат семки. Семките се претежно мали и крилести, предвидени да се разнесуваат од ветрот, но има и такви што се поголеми, со закржлавено крилце, и нив ги разнесуваат птици. Кога ќе узреат, шишарките се отвораат за да го испуштат семето, но оние што ги разнесуваат птици (на пр. белокорестиот бор), семките ги вади самата птица. Кај трети пак, семките стојат во затворени шишарки многу години, и се отвораат само при извесен знак на поволност од средината. Најзастапен вид на затворени шишарки се оние облепени со смола, што треба да ја стопи пожар за да излезат семињата.

Екологија мини|десно|Контролирано опожарување на насади од црн бор (P. nigra) во Португалија.

Боровите успеваат добро на кисели почви, а некои и на варовнички. На повеќето видови им треба добро исцедена почва и претпочитаат песокливи почви, но има неколку (на пр. искривениот бор) што трпат слабо исцедени калливи почви. Неколку од нив пуштаат листови по шумски пожари (на пр. канарскиот бор). Некои видови (на пр. епископскиот бор) зависат од пожарите и без нив не можат да се размножуваат. Неколку вида се приспособени на крајно неповолни услови на студ или големи надморски височини (на пр. џуџест бор, планинскиот, белокорестиот и долговечниот бор). Пињоните и ред други (особено брутскиот и сивиот бор добро успеваат на врела и сува полупустинска клима.

Со семињата се хранат птиците и верверичките. Од поголемо значење за распространување на потомството се лешникарката, американската лешникарка и голоклуната сојка. Игличките се храна за извесни видови на пеперуги и молци, боровиот песочник и козите.

Употреба мини|десно|Талпа од борово дрво.

Боровите се стопански најзначајните дрва ширум светот поради нивната дрвена граѓа и дрвена каша. Во умерени и топли краишта, овие меки дрва растат бргу. Во стопанските насади наменети за добивање на граѓа се одгледуваат погусти и посмолести дрва, кои од тие причини се подолговечни од смрчата (Picea). Дрвото на борот се користи како повреден материјал за мебел, прозорски рамки, ламперија, подови итн, а од смолата се добива терпентин. Многу видови на бор се привлечни како украс во градини и паркови. Покрај ова, се одгледуваат и како новогодишни елки, а шишарките и листовите се користат во ракотворби. Тие не се трајни по сечењето и нивното дрво има многу краток век ако е изложено на надворешни влијанија. Затоа, боровото дрво се користи само во простории или внатрешни ѕидови.

Во исхраната

Некои видови имаат големи семки наречени борови семки, кои се одгледуваат и продаваат како храна. Тие се сметаат за незаменливи во италијансото макало наречено песто. Меката, влажна внатрешна кора што е залепена за дрвенестата надворешна кора се јаде и е многу богата со витамините А и Ц. Може да се јаде сирова, исечена на парчиња, или пак исушена и сомелена во брашно за печење, згуснување јадења, запршки итн. Особено многу го користеле северноамериканските староседелци. Од младите иглички во Шведска се прави витамински чај наречен „талструнт“.

Класификација и номенклатура

Боровите се делат на три подрода, според особеностите на шишарката, семките и листовите: жолти или тврди борови (Pinus subg. Pinus) опашести или пињони Pinus subg. (Ducampopinus) бели или меки борови (Pinus subg. Strobus)

Подрод Pinus Подрод Pinus — жолти и тврди борови оддел Pinus — Европа и Азија, освен црвениот бор, кој вирее на североистокот на Северна Америка и тропскиот бор, кој расте во Куба.мини|десно|200п|Молика (P. peuce) пододдел Pinus сикјаншки бор (P. densata) јапонски црвен бор (P. densiflora) нежен бор (P. fragilissima) муника (P. heldreichii) Хенриев бор (P. henryi) хуангшански бор (P. hwangshanensis) касиски бор (P. kesiya) окинавски бор (P. luchuensis) Масонов бор (P. massoniana) планински бор (P. mugo) црн бор, брица (P. nigra) црвен бор (P. resinosa) бел бор, линак (P. sylvestris) кинески бор (P. tabuliformis) тајвански бор (P. taiwanensis) јапонски црн бор (P. thunbergii) тропски бор (P. tropicalis) јинански бор (P. yunnanensis) пододдел Incertae sedisмини|десно|Суматрански бор (P. merkusii) †P. driftwoodensis — ран еоцен, Британска Колумбијаоддел Pinea — средоземни боровипододдел Pineae пинија (P. pinea)пододдел Pinasterбрутски бор (P. brutia) канарски бор (P. canariensis) алепски бор (P. halepensis) тенасеримски бор (P. latteri) суматрански бор (P. merkusii) приморски бор (P. pinaster) Роксбургов бор (P. roxburghii) оддел Trifoliae — американски тврди боровипододдел Leiophyllae — Мексико, југозападни САД мазнолисен бор (P. leiophylla) Лумхолцов бор (P. lumholtzii)пододдел Australes — Северна Америка, Средна Америка, Кариби карипски бор (P. caribaea) песочен бор (P. clausa) кубански бор (P. cubensis) кратколисен бор (P. echinata) Елиотов бор (P. elliottii) смрчест бор (P. glabra) хиспањолски бор (P. occidentalis) долголисен бор (P. palustris) бодликав бор (P. pungens) катранов бор (P. rigida) мочуриштен бор (P. serotina) кадилен бор (P. taeda) вирџински бор (P. virginiana)пододдел Contortae — Северна Америка Бенксов бор (P. banksiana) искривен бор (P. contorta) †P. matthewsii — плиоцен, Јукон, Канада мини|десно|Бенксов бор (P. banksiana)пододдел Oocarpae — Средна Америка, Мексико, западни САД краток бор (P. attenuata) †P. foisyi Грегов бор (P. greggii) Херерин бор (P. herrerae) халисковски бор (P. jaliscana) Лосонов бор (P. lawsonii) епископски бор (P. muricata) јајцеплоден бор (P. oocarpa) виснат бор (P. patula) Меквоов бор (P. praetermissa) Принглов бор (P. pringlei) калифорниски бор (P. radiata) текунумански бор (P. tecunumanii) окотски бор (P. teocote)пододдел Ponderosae — Средна Америка, Мексико, западни САД, југозападна Канада. апулковски бор (P. apulcensis) аризонски бор (P. arizonica) Куперов бор (P. cooperi) Култеров бор (P. coulteri) мичоакански бор (P. devoniana) дураншки бор (P. durangensis) апачки бор (P. engelmannii) Хартвегов бор (P. hartwegii) Џефриев бор (P. jeffreyi) †P. johndayensis — олигоцен тенколисен бор (P. maximinoi) Монтезумин бор (P. montezumae) жолт бор (P. ponderosa) мазнокорест мексикански бор (P. pseudostrobus) сив бор (P. sabiniana) Ториев бор (P. torreyana)

Подрод Strobus мини|десно|Вејмутов бор (P. strobus) Пордрод Strobus — бели и меки борови. оддел Quinquefoliae (оддел Strobus): бели боровипододдел Strobi: Северна Америка, Средна Америка, Европа и Азија јукушимски бел бор (P. amamiana) кинески бел бор (P. armandii) мексикански бел бор (P. ayacahuite) бутански бел бор (P. bhutanica) чијапски бор (P. chiapensis дабејшански бор (P. dabeshanensis) виетнамски бел бор (P. dalatensis) северновиетнамски бел бор (P. eremitana) хајнански бел бор (P. fenzeliana) мек бор (P. flexilis) шеќерен бор (P. lambertiana) тајвански бел бор (P. morrisonicola) сребренест бор (P. monticola) праволисен бор (P. orthophylla) јапонски бел бор (P. parviflora) молика, елов бор, македонски бор (P. peuce) југозападен мек бор (P. reflexa) чивавски бел бор (P. strobiformis) Вејмутов бор (P. strobus) Стајлсов бор (P. stylesii) хималајски бор (P. wallichiana) гуангдуншки бел бор (P. wangii) пододдел Cembrae: Европа, северна Азија, западот на Северна Америка белокорест бор (P. albicaulis) лимба (P. cembra) корејски бор (P. koraiensis) сибирски бор (P. sibirica) џуџест бор (P. pumila)

Подрод Ducampopinus мини|десно|Стебло на шаренокорест бор (P. bungeana ) Подрод Ducampopinus — пињони, шаренокорести и опашести борови. оддел Parryaпододдел Nelsonianae) Нелсонов бор (P. nelsonii) пододдел Krempfianae) Кремпфов бор (P. krempfii пододдел Gerardianae — шаренокорести борови, Средна Азија шаренокорест бор (P. bungeana) Герардов бор (P. gerardiana) лушпест бор (P. squamata) пододдел Rzedowskianae — големошишарчести пињони, Мексико големошишарчест пињон (P. maximartinezii) жален пињон (P. pinceana) жедовски пињон (P. rzedowskii) пододдел Cembroides — Пињони, Мексико, југозападни САД мексикански пињон (P. cembroides) потошки пињон (P. culminicola) блед пињон (P. discolor) колорадски пињон (P. edulis) Јоханов пињон (P. johannis)