Гинковидните () се ред на голосеменици, кој содржи само еден опстанат вид — гинкото (Ginkgo biloba).Christenhusz, M.J.M. J.L. Reveal, A.Farjon, M.F. Gardner, R.R. Mill, and M.W. Chase (2011). A new classification and linear sequence of extant gymnosperms. Phytotaxa 19:55–70. http://www.mapress.com/phytotaxa/content/2011/f/pt00019p070.pdf Станува збор за монотипски таксон во класата Ginkgoopsida (Гинкови), која исто така е монотипски таксон во склоп на одделот Ginkgophyta (Гинкови). Редот вклучува пет семејства, од кои само семејството Гинка (Ginkgoaceae) има живи претставници.
Историја Првите фосилни гинко листови кои биле пронајдени потекнуваат од периодот тријас, но постоеле и мноштво други видови на гинко за време на периодите јура и креда. Овие периоди, познати колективно како мезозојска ера, се одликувале со огромна разновидност и дистрибуција на скоро сите растителни групи, вклучително и гинковите растенија. Во почетокот на кенозојскиот период, особено во раните периоди на креда и терцијар, речиси сите гинковите растенија изумреле.
Размножување Гинковите дрвја се дводомни растенија (постојат посебни машки и женски единки). Машките цветови се наоѓаат на кратки изданоци, а имаат облик на реси во кои се наоѓаат прашниците. Женскиот цвет е сместен на долга дршка, на чиј крај се наоѓаат два плодника. Плодниците се оплодуваат од машки гамети кои имаат камшичиња (флагели) и можат слободно да се движат. Процесот на оплодување започнува во пролетно време на самото дрво. Потоа плодниците се зголемуваат до големина на плод (околу 2-3 сантиметри во пречник), паѓаат од дрвото во текот на есента, а оплодувањето продолжува во текот на зимата и пролетта. Зрелото семе личи на костелка, надворешниот слој е месест и со непријатен мирис, а внатрешниот слој е тврд.
Наводи
Категорија:Голосеменици