мини|Спорт Спорт - нормална физичка активност или вештина изведена под јавно прифатени правила и со цел да рекреира: за натпреварување, за сопствено уживање, за усовршување, за развивање на вештина, или за комбинација од наведените. Она што го карактеризира секој спорт е јасната цел, комбинирана со впечатокот за поединечна (или тимска) вештина или способност. Првите спортови како на пример лов и трчање настанале бидејќи биле потребни за да се преживее. За разлика од тогаш, денеска луѓето се занимаваат со спорт за здравје и релаксација.
Кратка историја
Олимписки игри Олимписки игри Секоја четврта година спортисти од целиот свет се собираат за да се натпреваруваат на олимписките игри.Постојат Летни олимписки игри, Зимски олимписки игри и олимписки игри за инвалиди.
Спортови Спортовите можат да се класифицираат на повеќе начини, но генерално се делат на спортови со тркање, со противник, со лично достигнување, и со комбинација на наведените. Некои познати спортови се:
Кревање тегови Атлетика Боречки спортови Бокс Борење Боречки вештини Аикидо (Спорт само во смисла на физичка активност. Нема натпревари.) Реален Аикидо Карате Кунг-Фу Џудо Велосипедизам Водени спортови Ватерполо Веслање Нуркање Пливање Сурфање Воздушни спортови Едриличарство Падобранство Параглајдерство Гимнастика Зимски спортови Алпско скијање Биатлон Скокови Летање Лизгачки спортови Хокеј на мраз Хокеј на трева Стрелаштво Тимски спортови Бејзбол Кошарка Одбојка Ракомет Фудбал Фудбал - Американски Рекетни спортови Пинг-понг Тенис Столни спортови Билијард Шах
Спортот како тема во уметноста и во популарната култура „Исхраната на боксерот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 72. „Тенис“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.Ѓоко Здравески, Отсечки стварност. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 33. „Роки“ (англиски: Rocky) - американски спортски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен. „Пет круга“ (англиски: Five Circles) — композиција на грчкиот музичар Вангелис од 1981 година.Vangelis – Chariots Of Fire (пристапено на 24.5.2021) „100 метри“ (англиски: 100 Metres) — композиција на грчкиот музичар Вангелис од 1981 година. „Излечен спортист“ (Athlete Cured) - песна на британската рок-група Фол од 1988 година.Discogs, The Fall – The Frenz Experiment (пристапено на 22.10.2020)
Поврзано Историја на спортот Видови на спортови Прилепски спортски мајтапења Олимпијада
Наводи
*