Андријана Јаневска (родена на 6 декември 1981 во Скопје) - македонска пејачка и виолинист. Таа е професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Животопис Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работиБиографија на Андријана Јаневска. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, таа свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнала во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст - отсек виолина. Завршила Средно музичко училиште во Скопје, отсек виолина и во 2004 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје на Вокално-инструметалниот оддел, отсек виолина. Во 2011 година магистрира на одделот Музичка теорија и педагогија, отсек Методика на музичка настава. Во 2023 година, таа докторирала на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје и се стекнала со звањето доктор на науки. Неколку пати била прогласувана за најдобра пејачка во Македонија, а во јули 2023 година била прогласена за најдобра пејачка на светот на натпреварот во Соединетите Држави, организиран од ЗАДА рекордс.
За време на средното музичко образование посетувала дополнителна настава по диригирање и композиција, и активно учествува на семинари по виолина кај виолинистите Марина Јашвили и Благоја Димчевски.
Дебитирала на Скопје Фест 1998. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000 година каде го лансирала хитот „Твоето писмо, моја Библија“. За време на летото, 2000 година, настапувала низ повеќе градови во Австралија. Во март 2001 година на Скопскиот фестивал, Јаневска ја освоила големата награда, со песната „Носталгија“. Во јули 2001 го промовира првиот солистички албум „Моја Библија“ кој содржи 12 песни. Во 2002 година, повторно се натпреварува на изборот за песна на Евровизија, каде со песната „О Шери, мон Шери“ го освојува второто место. Во јуни 2006 година, го лансира реге хитот „Ден“, а во август истата година настапува на Охрид фест со песната „Сонце“. За време на фестивалот го промовира вториот солистички албум „Ден“. Десетгодишнината од нејзината кариера ја заокружува со песната „Зрно“, дело на Драган Гиновски - Гино. Во март 2008 го издава најновото ЦД со 15 традиционални македонски песни, а како продуцент се јавува Димитар Димовски - Мите. Веќе следната 2009 година излегува и продолженитето на цедето со традиционални македонски песни, овојпат насловено како „Приказна за едно моме“, повторно продуцирано од Мите Димовски. Следната година во соработка со МЕД Македонија, го издава христијанското цеде со детски божиќни песни „Ѕвездичка мала“. Во 2011 година, во соработка со Тања Веда го издава детското цеде „Кога си среќен“ кое содржи 15 песни од англиско говорно подрачје, препеани на македонски јазик. Во 2012 настапува на Скопскиот фестивал, каде што ја исполнува композицијата „Можеби“ на која се потпишува како автор на музиката, текстот и аранжманот. Во 2015, повторно во соработка со Тања Веда го издава цедето „Заспивалки “ кое содржи 10 приспивни песни и 10 приказни за деца, како и илустрирана книга. Во 2017 го издава цедето со традиционални детски песни „Слушни, пеј, играј“ кое содржи 15 песни, заедно со илустриран прирачник, во соработка со Тања Веда. Автор е на „Бог и јас“ - циклус соло песни за мецосопран, виолина, пијано и гитара чија премиера се одржа во Њујорк, во август 2017 година. Има напишано аранжмани за биг бенд, ревиски и симфониски оркестри. Автор е на музиката за австрискиот краткометражен филм „Hyro“, во соработка со Хрватскиот национален балет.
Во својата богата концертна кариера, настапувала во сите градови низ Македонија. Во странство концертирала во Хрватска, Словенија, Полска, Словачка, Грција, Бугарија, Црна Гора, Кипар, Србија, Португалија, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Шведска, Швајцарија, Летонија, Австралија, Канада и САД. Повеќепати настапувала како солист во придружба на Македонската Филхармонија и оркестарот на МОБ. Има одржано голем солистички концерт во придружба на симфонискиот оркестар во МОБ на 12 јануари 2017 година, како и повеќе солистички концерти низ Македонија, во придружба на камерни оркестри и поголеми бендови, од кои позначајни се концертот на фестивалот Охридско Лето (Антички театар, Охрид) и отворање на Битолско културно лето (Хераклеа, Битола). Во 2014 година во МОБ ја игра главната улога (Пенелопе) во првиот мјузикл во Македонија „Пенелопе Х“.
Работела како наставник по музика на Факултетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, наставник по музика во гимназијата Алгоритам, наставник по виолина во музичкото училиште во Куманово и како наставник по солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз“. Неколку години е главен музички ментор на македонските претставници на детскиот Евросонг. Работи и како надворешен стручен музички соработник во списанијата за деца Росица и Смешко. Секоја година е редовен гостин-предавач во институции од јавен интерес, културно-информативни центри, градинки, основни и средни училишта. Од 1999 година членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска. Од 2002 година работи во Македонската опера и балет како прва виолина. Сопственик е на музичкото студио „Гиновски“ каде работи како композитор, пејач, виолинист, аранжер, пијанист и продуцент на домашни и странски изданија (песни, реклами и видео игри). Сопственик е на приватното музичко училиште Andrijana Janevska School of Music каде во моментов се образуваат над 100 ученици по предметите солфеж, виолина, пијано и соло пеење - популарни жанрови.
Била придружен вокал на многу уметници, меѓу кои и на Влатко Стефановски, Џибони и Бајага. Има напишано многу композиции и аранжмани за биг-бенд во доменот на популарната музика, а се јавува и како текстописец на многу популарни песни. Од 1988 до 1996 година членува во детскиот хор за духовна музика „Пиколо“. Повеќепати била член во жири комисии на државни и меѓународни натпревари по музика и уметност (член на национална жири-комисија за Евровизија, член на комисија за мјузиклот Тајно моја, член на комисија за избор на најталентиран ученик во Општина Карпош, член на меѓународна жири-комисија на арт фестивалите Езерски бисери и Дојрана и др.). Има издадено две детски книги од стручна област: „Заспивалки“, издавач Едука Мак 2015 и „Слушни, пеј, играј“, издавач Просветно Дело 2017. Многупати учествувала на научни конференции во Македонија а презентирала и во Рим - Италија и Москва - Русија.
Во 2007 година во МОБ настапува како виолинист (главна улога) во опера/мјузикл Dorothy.Sconcerto per Oz, а претставата се репризира и во Kampnagel Hamburg, Хамбург - Германија. Како виолинист настапувала и во Осијек - Хрватска, Атина - Грција, Ниш и Белград - Србија, Париз - Франција, Рим - Италија, Њујорк, Њу Џерси, Вашингтон и Лос Анџелес - САД, Мелбурн, Канбера и Сиднеј - Австралија како и во Торонто - Канада. Како концерт-мајстор на камерен состав во МОБ настапува на многу детски претстави низ Македонија.
Во 2020 година ја снима композицијата Together is beautiful на композиторот George Fenton како единствен виолинист од Македонија во светскиот оркестар The Earth Orchestra. Беше снимен и документарен филм во кој беше интервјуирана, а кој се прикажа на познатата телевизија BBC Earth. Истата година ја сними композицијата One Human како единствен интерпретатор од Македонија заедно со 123 уметници од цел свет, за влез во Гинисовата книга на рекорди како песна со најмногу изведувачи.
Најголемо хоби и е шахот, а како портпарол на Шаховската федерација на Македонија издејствува Европскиот шаховски куп да се одржи во Скопје. Освен шахот, вљубеник е во повеќе спортови: пливање, велосипедизам, риболов, планинарење и мотоциклизам. Водител е на серијалот „Посебни приказни со Андријана Јаневска“ каде патува и ја истражува Македонија со својот мотоцикл Honda CBF 600.
Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски - Гино, познат македонски гитарист (Архангел). Двојката има два сина, Димитар (2011) и Кристијан (2015). Течно зборува англиски јазик..
Албуми
Моја библија- 2001 Ден - 2006 Македонски рози (МИТАН етно) - 2008 Приказна за едно моме (МИТАН етно) - 2009 Ѕвездичка мала (христијански детски песни) - 2010 Кога си среќен (детски песни) - 2011 Патување на полноќ (МИТАН етно) - 2013 Запивалки (детски приспивни песни и приказни) - 2015 Слушни, пеј, играј... (традиционални детски песни) - 2017 Бог и јас (циклус соло песни за мецо сопран, виолина, пијано и гитара) - 2017 ATISARGA (feat Bostjan Leben) - 2019
Синглови Те сакам бескрајно (дует со Пеце Огненов) - 1998 Доволно силна - 1998 Еден ден - 1999 Се што барам ноќва - 1999 Не можам да заљубам по тебе - 1999 Да сум јузен ветар - 1999 Твоето писмо, моја библија - 2000 Љубовен ритам - 2000 Љубов ти е адреса (дует со Марјан Стојановски) - 2000 За тебе - 2000 Носталгија - 2001 Од овде до вечноста (дует со Благој Нацоски) - 2001 Ден по ден (дует со Врчак) - 2001 Своја на своето - 2001 О Шери, Мон Шери - 2002 Остани - 2004 За Крај - 2005 Дојди Бакни Ме - 2005 Ѕвезда Водилка - 2005 Ден - 2006 Сонце - 2006 Епизода - 2007 Тивка ноќ (дует со Тања Станковиќ Димовска) - 2007 Тивка Ноќ (дует со Ева) - 2007 Зрно - 2008 Заминувам - 2008 Во погрешно време - 2008 Дрво без корен - 2009 20 лета Македонијо - 2011 Можеби - 2012 Животот е убав - 2013 Ако ме сакаш - 2013 Изгубена (дует со Мугер Фугер) - 2013 Што е тоа - 2013 Казна - 2014 Еден ден (дует со Мијата) - 2014 Без милост - 2016 Children of the Cosmos - 2017 Daj poljubi me - 2019 Заветна (дует со Игор Дурловски) - 2019 Летај - 2020 Take me feat JAWFRĒ - 2021 Сети се на Радуша - 2022 Kao ti - 2022 Ми заплакало селото Ваташа feat Игор Џамбазов - 2023 Broken hearted me (ZADA RECORDS) - 2023 И без тебе можам (Макфест) - 2023 Creep (ZADA RECORDS) - 2024 Mortal Kombat 1 Soundtrack | Feast of Jerrod - 2024 Не биди тој - 2025
Спотови Спот Година РежисерТе сакам бескрајно1998Да сум јужен ветар1999Љубовен ритам2000 Љубов ти е адреса 2000 Своја на своето 2001 Томато ПродукцијаДали има некој што не љубел2001МТВЗа крај 2005 Андреј Додов Сонце 2006 Славиша Киброски Тивка Ноќ2007 Томато Продукција Зрно 2008 Можеби 2012 BMA Животот е убав 2013 Христијан ТодоровКазна 2014 Александар Ристовски - ПРИНЦЕден ден 2015 Томато ПродукцијаПесна за Пере Тошев 2015 МТВБез милост 2016 Александар Ристовски - ПРИНЦDaj poljubi me2019Hamar Media, Josip ŠukerМи заплакало селото Ваташа 2023 Скендеровски ПродукцијаКаде сте Македончиња 2025 Скендеровски Продукција
Награди - класична музика НаградаКатегоријаДатумСпецијална I награда (максимални 100 бода)солфеж, државен натпревар05.04.2001I награда во II категоријаклавирско трио, државен натпревар28.04.1999II награда во I категоријавиолина, државен натпревар 01.04.1993II награда во III категоријавиолина, државен натпревар05.04.1995III награда во I категорија виолина, државен натпревар04.04.1992
Награди - популарна музика НаградаФестивал/МанифестацијаГодинаВтора награда од жири, награда за најдобра интерпретација и награда за најдобар текстСкопје фест1999 Награда за најдобар дебитантМакфест1999Втора награда од жириОхрид фест1999Трета награда од публика и награда за најдобра интерпретацијаЕврофест1999Гран приМакфест2000Добитник на наградата „Откритие на годината“Откритие на годината2000Втора награда од публикаЕврофест2000Награда за најдобра пејачка на годината12 величествени2000Хит на годината за песната „Твоето писмо моја Библија“12 величествени2000Најдобра пејачка на годинатаО каква ноќ2000Гран при (прва награда од публика и прва награда од жири)Скопје фест2001Втора награда од публика и награда за најдобар сценски настапМакфест2001Лице на годинатаЛице на годината2001Трета награда од жириЕврофест2001Второ местоИзбор за песна на Евровизија2002Втора награда од жириОхрид фест2008Прва награда од жири Охрид фест2013Најдобра пејачка на светот Зада рекордс, САД2023Пејачка на годинатаЗлатна бубамара2024
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место
Категорија:Живи луѓе