Тој е лична заменка за трето лице еднина од машки род во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи или посочи некоја именка од машки род, која и не мора да е присутна во моментот на зборување.

Лични заменки Личната заменка „тој“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означи лицето кое го врши дејството и лицето за кого се однесува нешто. Останатите форми за трето лице машки род може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите заменки во македонскиот јазик:

Потекло Старословенската форма еквивалентна на македонската „тој“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е слична со останатите заменки за трето лице на останатите словенски јазици, како: on на полски, словачки, чешки, словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, той на бугарски, wón на лужичкосрпски, он на руски, ён на белоруски и він на украински.Лични заменки во словенските јазици, на англиски.

Освен на македонски и бугарски, во сите останати словенски јазици заменката директно потекнува од старословенската форма. Македонската заменка „тој“ настанала со потсилување на старите едносложни заменски морфеми со партикули, сè со цел да се закрепи нивната изразеност. Заменката „тој“ потекнува од старословенската показна '', но проширена со дополнителни гласови за позацврстена изразеност.Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144

Употреба Во македонскиот јазик оваа заменка се користи за означување или посочување на именка од машки род. Во некои дијалекти се користи и старословенската форма он.

Поврзано Заменки во македонскиот јазик Номинатив

Наводи

Категорија:Лични заменки во македонскиот јазик