Гвадијана (шпански и ) или Одијана — река во Шпанија и пограничните делови на Португалија што ги двои Екстремадура и Андалусија (Шпанија) од Алентежо и Алгарве (Португалија). Сливот се протега од источниот дел на Екстремадура до јужните краишта на регионот Алгарве и зафаќа површина од 68.000 км2. Реката тече од исток кон запад, па јужно кај пограничните места Вила Реал де Санто Антонио (Португалија) и Ајамонте (Шпанија), па се влева во Кадискиот Залив. Со течение долго 829 км, ова е четврта река по должина на Пиринејскиот Полуостров.
Потекло на поимот Римјаните реката ја нарекувале Анас (Anas, од лат = „Паткина Река“). За време на Маврите, реката го носела сличното име „Вади Ана“ (од арапски вади = „река“, што значи „Река Ана“), што останало кај Португалците и Шпанците како „Уадијана“ и подоцна преминало во Одијана. Почнувајќи од XVI век, под влијание на кастиљскиот јазик, реката постепено го добила името „Гвадијана“, што претставува кастиљанизација на арапскиот збор за река од „вад-“ во „гвад-“ (како кај реките Гвадалкивир, Гвадалете, Гвадалахара и Гвадарама).
Слив и течение Реката е долга 818 км, од кои 578 км се на шпанска, а 140 км на португалска територија. Од нив, 100 км се заеднички (во погреаничните делови). Околу 82% од сливот е во Шпанија, а 17% во Португалија.
Гвадијана извира во Кастиља-Ла Манча и минува низ Јужноибериската Рамница во западен правец кај градот Бадахос, а потоа свртува на југ и завршува во Кадискиот Залив. Течејќи во јужен правец, реката двапати оди долж границата помеѓу двете земји: прво помеѓу реката Каја и клусурата Кункос, а подоцна од реката Чанса, па сè до устието.
Екосистемот има средоземни хидролошки особености како големи разлики во полноводноста во месеците и од година во година, обилни поплави и големи суши. Оваа променливост се должи на значајните разлики во количината на врнежи, кои имаат просечна средна вредност од 400-600 мм.Chicharro, et al., 2007, стр. 109 Климата е полусува, со просечна годишна температура од 14-16 °C.M.M. Aldaya & M.R. Llamas, 2009, стр. 8
Естуар мини|десно|280п|Устието на Гвадијана. Лево е Португалија, а десно е Шпанија. Реката завршува во Кадискиот Залив помеѓу Ајамонте и Вила Реал де Санто Антонио, во туристичките краеви во Алгарве и крајбрежјето на Андалусија. Тука образува соленобарски естуар и мочуриште. Естуарот има максимална ширина од 550 м и е длабок од 5 до 17 м. Плимата и осеката се полудневни, во опсег од 0,8 до 3,5 м;. Во долниот дел на естуарот има природни резервати што зафаќаат вкупно 2.089 ха. Ова се „Мочуриште Исла Кристина“ во Шпанија и „Мочуриште Кастро Марим и Вила Реал де Санто Антонио“ во Португалија.
Населени места по течението Во Шпанија, реката минува низ три автономни заедници: Кастиља-Ла Манча, Екстремадура и Андалусија) (поточно, низ покраините Сиудад Реал, Бадахос, Уелва и малку од Албасете). Во Португалија пак, Гвадијана минува низ регионите Алентежо и Алгарве, како и окрузите Порталегре, Евроа, Бежа и Фаро.
Реката е пловна до Мертола (растојание од 68 км). Во сливот се изградени повеќе од триесет брани,Брани во сливот на Гвадијана од кои најголема е Алкева во општината Мора, регион Бежа. Со оваа брана е добиено најголемата хидроакумулација во Западна Европа (површина 250 км2 и водна зафатнина од 4.150 хм3.
Поврзано Пуеблонуево де Гвадијана Список на реки во Португалија Список на реки во Шпанија
Наводи Белешки
Извори
Надворешни врски
Портал на Гвадијана За реката Гвадијана — УНЕП
Категорија:Реки во Португалија Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Меѓународни реки во Европа