Гвадалкивир () — петта река по должина на Пиринејскиот Полуостров и втора по должина во рамките на Шпанија. Долга е 657 км, а сливното подрачје зафаќа 58.000 км². Извира во Кањада де лас Фуентес (кај селото Кесада) во планинскиот венец Казорла (Хаен), па тече низ Кордоба и Севиља, а завршува кај рибарското село Бонанза во Санлукар де Барамеда, каде се влева во Кадискиот Залив (Атлантски Океан). Во овој најдолен дел од течението пределите се низински, со значајни мочуришта и се граничи со националниот парк „Доњана“.
Ова е единствената голема пловна река во Шпанија. Денес со брод се стигнува до Севиља, а во римско време се одело сè до Кордоба.
Според историските записи, на устието на Гвадалкивир се наоѓал древниот град Тартес, иако самото место на наоѓање досега не е утврдено.
Потекло на поимот Името на реката доаѓа од арапскиот поим „ел-вади ел-кабир“ (), што значи „Голема Долина“. Феникијците реката ја нарекувале „Бајц“, што подоцна преминало во „Бетис“, што останало сè до маварско време. По неа е наречена и римската провинција Хиспанија Бетика. Уште постаро келтиберско име на реката е „Оба“ (Златна).
Притоки Гвадалкивир има поголем број на притоки:
Леви притоки се: Мала Гвадијана, Гвадалбулјон, Гвадахос, Хенил, Корбонес и Гвадајхара.
Десни притоки се: Гвадалимар, Хандула, Јегвас, Гвадалмелјато, Гвадијато, Бембезар, Вијар, Уелва, Гвадијамар
Занимливости „Гвадалкивир“ се нарекувал францускиот брод што го разурнале Гемиџиите во солунското пристаниште на 28 април 1903 г.Солунските атентати во 1903 година — „Македониум“
Галерија
Поврзано
Список на реки во Шпанија Андалусија Кадиски Залив
Наводи
Надворешни врски За реката Гвадалкивир — УНЕП
Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Реки во Андалусија