мини|десно|250п|Сливот на Усури мини|десно|250п|Спорната територија на руско-кинеската граница Усури (, од манџурски: Усури ула) или Вусули (, ) — река што тече низ Хабаровскиот и Приморскиот крај во Русија и југоисточните краишта на североисточна Кина. Извира во планинскиот венец Сихоте Алињ, па тече на север, исцртувајќи дел од руско-кинеската граница,Утврдена со Пекиншката спогодба од 1860 г. па кај Хабаровск се влева во Амур (). Долга е околу 897 км, а сливот зафаќа површина од 193.000 км2. Водата ја добива од дожд (60%), снег (30-35%), а остатокот од подземни извори. Просечниот истек изнесува 1.150 м3/с, при просечна надморска височина од 1.682 м.

Реката е позната по катастрофалните поплави, а помеѓу ноември и април е замрзната. Изобилуваат разни видови риби: липен, есетра, лососи како горбушата, кетата и други.

Притоки Поважни притоки на Усури се:

Мулинг (лева) Наоли (лева) Сунгача (лева) Арсенјевка (лева) Бикин (десна) Хор (десна) Голема Усурка (десна)

Историски настани За време на Втората светска војна, преку реката поминувале советските војски при заземањето на Манџурија (операција „Августовска бура“ во 1945 г).Манџурска операција („Августовска бура“) од 1945 г.

Кинеско-советскиот пограничен конфликт во 1969 г. се одвивал на островот Дамански (Џенбао) во реката Усури.

Поврзано Усуриски тигар — друг назив за сибирскиот тигар Усуриска кафеава мечка — друг назив за амурската кафеава мечка

Наводи

Надворешни врски

Усури — Државен воден регистар на Русија Статија за Усури со подробна карта — УНЕП

Категорија:Притоки на Амур Категорија:Реки во Русија Категорија:Реки во Кина Категорија:Реки во Азија Категорија:Хабаровски крај Категорија:Приморски крај Категорија:Хејлунгѓанг Категорија:Погранични реки Категорија:Реки во Приморскиот крај Категорија:Реки во Хабаровскиот крај Категорија:Меѓународни реки во Азија