Хоен Нојендорф () е град во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа северозападно од Берлин.

Географија

Хоен Нојендорф се наоѓа на реката Хафел (изграден на Канал Одра-Хафел) и се граничи со берлинскиот кварт Фронау на југ, Миленбек (вклучувајќи го Шенфлис) на исток, Биркенверде и Ораниенбург на север и Хенигсдорф и Фелтен на запад.

Градски единици

Хоен Нојендорф се состои од 4 градски единици:

Хоен Нојендорф Штолпе Боргсдорф Бергфекде

Историја

Хоен Нојендорф бил мал град со малку жители сè до крајот на 19 век, кога со развојот на железницата, почнал да се развива и самиот град.

Основањето на железничка станица во Хоен Нојендорф кон крајот на 19 век, благодарение на поголемото и побогато село Штолпе, довело до брз развој на Хоен Нојендорф, напоредно со самиот развој во Берлин. Денес, новата железничка станица Хоен Нојендорф е дел од берлинската С-Железница, додека старата зграда се користи како хотел.

Граница со Западен Берлин

Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин и поради тоа во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид. Помеѓу 1 јануари 1988 и 30 јуни 1990, селото Штолпе служело како граничен премин помеѓу Западен Берлин и Источна Германија. Сообраќајот бил предмет на одредбите за меѓузонското движење, кои биле одредени со договорот од 1972. По 9 ноември 1989 источните контроли биле постепено намалувани, а на крајот на 30 јуни 1990 биле целосно укинати.

Меѓународни односи

Хоен Нојендорф е збратимен со:

Јанув Подласки (Полска) Мен (Франција) Милхајм (Баден-Виртемберг, Германија) Фирстенау (Долна Саксонија, Германија)

мини|Споменик на пчелите

Спорт

РУ Хоен Нојендорф, рагби клуб, се натпреварува во втората германска лига.

Наводи

Надворешни врски

Официјални врски

Категорија:Горен Хафел Категорија:Бранденбург (покраина)