Ореи () се старогрчки исконски богови на планините. Ореи е групно име за сите богови и божици на планините, а ги родила Геја, мајката Земја. Тие се претставувани како брадести мажи кои ѕиркаат од врвовите на планините.

Десетте Ореи Ореите ги родила партеногенезно самата ГејаХесиод, „Теогонија“. Во митовите ретко се персонифицира некоја поеднинечна планина, освен можеби Тмол, кој е и крал и планина во Лидија. Секоја планина си има свои локални нимфи и ореади. Десетте ореи се: Етна - вулканот на Сицилија. Него го претставува божица во која се вљубил Хефест. Таа му ги родила жешките извори. Под Етна се закопани некои од чудовиштата што ги родила Геја: Бријареј, зетот на Посејдон, Енкелад, непријателот на Атина и Тифон, чудовиштето со сто змиски глави на рамењата. На врвот на Етна живееле Хефест и Киклопите кои ги изработувале молњите за Зевс; Атос - планина во Тракија, со персонификација на машки бог; Хеликон - планина во Беотија, непријател на Китаирон; Китаирон - планина во Беотија, непријател на Хеликон; Нис - планина во Беотија. Името се поврзува со богот Дионис. Според митот, на таа планина е чуван и одгледуван младиот Дионис за да се заштити од Хера; Олимп (1)- најпознатата грчка планина, а и највисока во североисточна Грција, на граница меѓу областите Тесалија и Македонија. Таа е дом на боговите, именувана по очувот на Зевс, а на Крон му служела за престол; Олимп (2)- планина во Фригија; Ореј; Парн - планина во Атика; Тмол - планина персонифицирана со истоимениот шумски бог кој го надгледувал натпреварувањето меѓу Аполон и Пан. Аполон победила, а за победник го прогласил Тмол зашто се плашел од него.

Наводи

Литература Littleton, Scott and the Marshall Cavendish Corporation Gods, Goddesses, and Mythology, Volume 1. Marshall Cavendish, 2005. ISBN 978-0-7614-7559-0. pp. 1020, 1134 Fitz Simon, James A., Vincent Alphonso Fitz Simon, The Gods of Old: and The Story That They Tell, T. Fisher Unwin, 1899. p. 27 Hard, Robin, Herbert Jennings Rose, The Routledge Handbook of Greek Mythology: Based on H.J. Rose's "Handbook of Greek mythology", Routledge, 2004. ISBN 978-0-415-18636-0. p. 24

Категорија:Старогрчки богови Категорија:Старогрчка митологија