Мешерин () — општина во округот Укермарк, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на западниот брег на реката Одра, која претставува граница со Полска од 1945.

Патен мост го поврзува Мешерин со полскиот град Грифино (Грајфенхаген) преку реката. Најблискиот град е Шчеќин (Штетин), околу 20 километри на север. Мешерин се наоѓа во северните делови на националниот парк Долна долина на Одра.

На 31 декември 2002, општините Нојрохлиц, Радеков и Розов биле припоени кон Мешерин. Во Розов, црквата од 13 век служи како заеднички германско-полски споменик за протерувањето на Германците во и по Втората светска војна и раселувањето на Полјаците од окупираните територии од Советскиот Сојуз во источните германски покраини, кои станале полски во 1945. Розов бил избран за граничен премин, како на сојузниот автопат Б2, така и на железничката линија Берлин-Шчеќин.

Наводи

Категорија:Укермарк (округ) Категорија:Германско-полски гранични премини Категорија:Померанија (покраина)