Висои — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Големо Илино. Претставува доцноантичка некропола. Се наоѓа на 1,5 км северозападно од селото, каде според кажувањето на мештаните, била откриена правоаголна гробница ѕидана од камен и варов малтер. Во неа немало остатоци од скелети ниту пак гробни прилози.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Градиште — населба хеленистичко и доцноантичко време; Присои — населба и некропола од доцноантичко време; Старо Село — населба од средниот век; Св. Петка — црква и некропола од средниот век; Големо Илино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Големо Илино