Даблики — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Журче. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа 1,5 км јужно од селото, каде според искази на мештаните, биле откопани неколку гробови градени од камени плочи поставени во правец исток-запад, темели од црква и од куќи. Денес на површината се гледаат парчиња од покривни ќерамиди.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бачилиште — сакрален објект и некропола од доцноантичко време; Љубов Камен — населба од неолитот; Мартинец — населба од средниот век; Св. Илија — црква и некропола од средниот век; Журче; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Журче