Градната коска () е непарна долга плочеста коска, која наликува на буквата Т. Се наоѓа на предната страна на срцето во центарот градниот кош (градите). Се поврзува со ребрата преку ребрените рскавици. Помага да се заштитат белите дробови, срцето и големите крвни садови од физички повреди. Делови Дршката на градната коска () е споена со телото формира агол (). Бочно се гледа по еден засек за зглобување со клучната коска и по еден за зглобување со првото ребро. Тело на стернумот () по должината од секоја страна носи по шест засеци за зглобување со ребрените рскавици. Мечовиден израсток () наликува на меч и се наоѓа на долниот крај од телото. Зглобови (Articulationes sternocostales) Ребрените рскавици од првото до седмото ребро се спојуваат со бочните засеци од градната коска. Ребрените рскавици од осмото, деветтото и десеттото ребро меѓусебно се спојуваат со рскавицата од седмото ребро. Се вршат движење на подигање и спуштање на ребрата при акт на дишење. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски