__БЕЗСОДРЖИНА__ |мини|десно|Знак за селото Видуша во Општина Маврово и Ростуше Топоним (од , топос = место и , онома = назив) — име на некое географско место или објект. Науката што се занимава со изучување на топонимите се нарекува топонимија, која е гранка на ономастиката — општа наука за имињата од секаков вид. Под истото може да се подразбере и севкупноста на месните имиња во дадена област.
Покрај општиот поим, постојат поедини видови на топоними што се однесуваат на дадени целини или земјишни облици. Такви се:
ојконими — називи на населени места астионими — називи на градови хидроними — називи на реки и други водни површини ороними — називи на планини урбаноними — називи на делови и објекти во еден град дромоними — називи на патишта етнонимии — називи на народи
Важност Топонимијата е важна гранка на географијата бидејќи дава увид во историјата и културниот идентитет на местата. Сознанијата можат да се изведат од етимологијата на поимот, или пак од физичкото окружување, настаните и преданијата што довеле до дадениот назив.
Поврзано Ономастика Патроним Етимологија
Наводи
Надворешни врски Топонимија — рубрика за топонимите во Македонија на порталот „Крале Марко“ Присилното преименување на населените места, топонимите и микротопонимите во Егејска Македонија — „Македонска нација“
Категорија:Грцизми