Петар Т. Бошковски (1936, Острилци — 15 јули 2006, Скопје) — македонски писател (романописец, поет, драмски автор, есеист и критичар).
Творештво Петар Т. Бошковски бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Автор е на седум стихозбирки, четири романи, четири книги со есеи и критики, две антологии и неколку драми. Избор од неговото творештво е објавен во четири тома. Неговите песни во проза се застапени во делата „Критична точка“ (2002) и „Вратика“ (2005). Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 59-64 и 355.
Награди Бошковски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 1970 година (за стихозбирката „Постела од трње“) и на други книжевни награди и признанија.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 45 - 46.
Наводи
Бошковски Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Острилци Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Починати во 2006 година Категорија:Починати во Скопје